НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Флекенштајн: Разочаран сум поради рокот од година, но преговори ќе има

3
By Светлана Јовановска on June 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ви благодарам г-дин Флекенштај за ова интервју само неколку часа по заклучоците на Советот на министрите. Како ги толкувате овие заклучоци? Успех или не?

Флекенштајн: Би им честитал на Македонците бидејќи ова е јасна одлука дека сакаме да почнеме преговори. Но и јас сум малку разочаран затоа што датумот е јуни идната година. Сепак треба да се има во предвид дека ви треба половина година за подготовки во секој случај. Со ова јасно се става на знаење дека има заслуги на Владата и Парламентот во спорот со името и очекувам подготовки за преговорите и да ги почнеме идната година.

Комисијата ќе почне со скрининг на македонското законодавство. Што мислите за условите за преговори?

Флекенштајн: Ако внимателно ги читате заклучоците, тие велат – ајде Владо одете напред, работете. Знам дека никој во Македонија не сака да се престане со реформи и знам дека ова звучи како услов, но она што заклучокот сака да го каже е дека треба да се тргне, дека не треба да се чека на преговори и мислете на потребните промени и сите се надеваме дека референдумот ќе биде позитивен.

Мислите ли дека Комисијата беше во право со одлуката да ги стави во еден пакет Македонија и Албанија?

Флекенштајн: И да и не. Од една страна секоја земја треба да се гледа посебно а успех е да се оди напред. Но од друга страна, двете земји беа успешни во нивните политики и тоа е примено на знаење од Советот. Тоа е добро и за регионот и неговата стабилност.

Зошто Франција беше толку против овие преговори?

Флекенштајн: Не знам точно но претпоставувам дека претседателот Макрон има многу проблеми дома со реформите, без оглед дали се тие неопходни или не. И можеби стравува како луѓето ќе го сфатат овој нареден чекор кон подготовка за прием на нови членки. Мислам дека тоа е тотално погрешен приод но тоа е засега причината. Знам исто така дека во принцип Франција нема ништо против прием на нови членки од Западниот Балкан но можеби овој временски период не е најдобриот.

Тие сакаат реформирана ЕУ пред проширувањето?

Флекенштајн: Да, тој така вели и јас се согласувам. Но, почеток на преговори значи 5, 7 или 9 години а ако ние во тој период не успееме да ја реформираме ЕУ, тогаш не сум сигурен дека би ве советувал да се придружите во тој клуб.

Што треба Владата сега да направи?

Флекенштајн: Владата треба да продолжи со реформската агенда. Немам сомнение дека Парламентот и Владата, и опозицијата, ќе бидат дел од тоа. Треба да се продолжи и да се заврши домашната работа во владеењето на правдата на пример.

Моите две последни прашања. За Договорот помеѓу Македонија и Грција. Какво е вашето мислење и какво расположението овде во Европскиот парламент?

Флекенштајн: Расположението е многу позитивно кај сите 28 земји членки вклучително и Франција. Среќни сме што има преговарано решение помеѓу двете Влади и Парламентите. Се разбира очекуваме позитивен исход на референдумот но оптимисти сме и сметаме дека народот во Македонија ќе види дека е ова голема шанса и фер решение.

Последно прашање. Вие со неколку пратеници пративте писмо до ЕУ и рековте Северни Македонци….

Флекенштајн:  Не ми ја допирајте раната! Да, ја направив таа грешка. Моја цел не беше да повредам било кого но беше само од недоволно познавање. Но сега и до крајот на мојот живот знам дека сте Македонци, Македонци а не јужни, источни, западни Македонци.

Благодарам.

Европски парламент Кнут Флекенштајн Луксембург преговри со ЕУ Совет на министри Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.