НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тренд по Брегзит: Британците по државјанства на земји членки на ЕУ

0
By Нова ТВ on June 30, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Драстично расте бројот на Британци кои аплицираат за државјанство на некоја од земјите во Европската унија (ЕУ) по референдумот за Брегзит. „Би-Би-Си“ доби податоци од 17 членки на Унијата кои позитивно се изјасниле по 12.994 британски барања за државјанство во 2017 година, во 2016 година таа бројка била за повеќе од двојно помала (5.025) додека во 2015 година изнесувала 1.800.

Земја чие државјанство најчесто добиваат Британците е Германија. Бројот на британски Германци од 594 во 2015 година достигна 7.493 лани, пренесува „Би-Би-Си“. Пораст е забележан и во случаи со други земји што се дел од европското семејство како на пример Франција, втора на листата, чии власти издале 1.518 државјанства, трета е Белгија со 1.381 издаден документ. Бројот на Британци кои лани добиле државјанство на Република Ирска е 529 што е десеткратно зголемување за разлика од 2015 година (54).

Како причини за барање на ново државјанство на Британците се наведуваат патување, живеење и работа во земјите на ЕУ по исходот на референдумот за Брегзит, а таков документ се надеваат дека ќе може да добијат и нивните деца. Тие во најголем дел поседуваат двојно државјанство со оглед дека го задржуваат британското иако поднесуваат барање за друго.

Критериуми за државјанство на некоја од земјите членки на Европската унија, сепак, исполнува мал број на Британци. Бирократскиот процес е тежок и бавен и може да трае со месеци, се наведува во статијата на „Би-Би-Си“. Варираат од земја до земја и понекогаш се сложени од аспект на потеклото, на семејните врски и на местото за престој. Во случајот со Германија постои и посебна одредба за лица чии претци биле жртви на нацистите.

Британците кои исполнуваат критериуми за државјанство на земја членка на ЕУ, своите барања ќе може да ги поднесуваат и по Брегзит. Но, притоа би можеле да се соочат со проблем во земји како Германија која дозволува двојни државјанства само за лица од други земји во Унијата. Ако во меѓувреме тоа не се промени, Британците во такви случаи ќе треба да се откажат од британското државјанство ако сакаат да го задржат германското.

Би-Би-Си брегзит Британци Државјанства ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.