„Не се знае референдумското прашање. Со политичките чинители и со граѓанскиот сектор ќе утврдиме дали референдумот ќе биде консултативен или обврзувачки, но во секој случај резултатот ќе биде задолжителен.Тоа значи ако референдумот помине ќе треба да ја почитуваме волјата на граѓаните, да гласаме во Парламентот и да работиме, особено на реформите и на процесите кои следуваат, рече премиерот Зоран Заев.
За референдумското прашање и за датумот на одржување на референдумот,( дали крајот на септември или почетокот на октомври) ќе се разговара по Самитот на НАТО што треба да се одржи на 11 и на 12 јули.
Премиерот нагласи дека во прашањето ќе бидат содржани и Договорот со Грција, како и ЕУ и НАТО.
Во врска со изборот на новиот состав на Државната изборна комисија што треба да го спроведе референдумот, Заев кажа дека очекува до крајот на неделава собраниската Комисија за избори и именувања да ги именува членовите.
„ Она што го слушнав вчера, додека беа пратеничките прашања, е дека чекаме на одлука на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ ги утврди своите претставници, како и ДУИ. Веројатно помалата опозициска партија го има тоа направено и како што ме информираа координаторите на пратеничките групи, тоа ќе се заврши“ рече Заев.