Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тодоровиќ вратил 437.000 евра за „Око“,но ќе одговора за проневера

0
By Соња Петрушевска on July 4, 2018 ВЕСТИ
Фото: Фактор
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 4, 2018 14:03

Екс градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ, кој е осомничен за проневера на пари за изградба на мостот „Око“ уплатил 437 000 евра на сметка на општината. Тој заедно со уште двајца  – поранешен секретар во општина Центар и вработен во Секторот за уредување на градежно земјиште  добија кривични пријава за злоупотреба на општинските пари.

Во текот на постапката, која ја водеше Финансиката полицијата,  пријавените се согласиле да ја надоместат штетата и на 30 јуни 2018 година тие веќе  ги вратиле парите на сметка на општината.

Ова не значи дека постапката против осомничените  ќе запре, рече директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми и кажа дека кривичните пријави веќе се поднесени до Основното јавно обвинителство Скопје.

„Враќањето на парите не значи амнестија за кривично дело“, рече Муареми.

Муареми најави дека освен за мостот „Око“ се водат предистражни  постапки и за други објекти од проектот „Скопје 2014″.

Тој рече дека се испитува дали се префрлале пари во странство, но не сакаше да открие детали за да не влијае на текот на постапките. За дел од случаите поврзани со Скопје 2014, Арафат кажа дека соработува со Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Проневерени 437 000 евра за мостот „Око“

Финансиската полиција поднесе три кривични пријави за Тодоровиќ и уште двајца за „Несовесно работење во службата“.

Тие за  изградба на мостот „Око“ склучиле договор со фирмата Конструктор-Инжинеринг АД за градежништво Сплит вреден 1 517 000 евра, но и Анекс кон договорот за јавна набавка со која вредноста на договорот се зголемила на 1 954 000 евра.

Првопријавениот, екс градоначалникот Тодоровиќ уплатил аванс на фирмата во висина од 400 000 евра, за што биле издадени две банкарски гаранции. Иако изведувачот не ги завршил градежните работи во утврдениот рок, наместо да ги активираат банкарските гаранции за враќање на авансот поради ненавремено и неквалитетно извршување на работите, пријавените исплатиле уште две фактури на фирмата со опис „Разлика во цени за изведени работи“ и „Трошоци поради застој на работите “ во вкупен износ од 115 000 евра.

Поради неисполнување на обрските од Договорот, како и поради неквалитено извршување на веќе изведените работи, Општина Центар го раскинала договорот со фирмата и спровела нова постапка за јавна набавка и склучила договор со нов изведувач. Поради неактивирање на банкарските гаранции за навремено и квалитетно изведување на работите, пријавените го оштетиле буџетот за речиси 437 000 евра.

 

 

Вратени пари Мост „Око„ Општина Центар Тодоровиќ финансиска полиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.