НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шеќеринска до Иванов: Уставот не е мени, да си бираме што ни се допаѓа

1
By Нова ТВ on July 8, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ја имаме историската шанса, но ја носиме и историската одговорност. Кога ќе помислиме што сакаме да им оставиме во аманет на следните генерации, убедена сум дека мнозинството граѓани ќе се изјаснат „за“ македонски идентитет, „за“ македонска иднина и „за“ членство во ЕУ и НАТО, вели министерката за одбрана Радмила Шекеринска во неделното интервју на РСЕ.

„Со моментот на потпишување на претпристапниот договор, дури и пред тој да биде ратификуван, оти и НАТО на крај одлучува со поддршка на сите земји членки, дури и пред да се случи ратификацијата во парламентите на сите 29 членки ние, Македонија веќе ќе седне на масата на НАТО. Ќе седиме рамо до рамо со САД, со Велика Британија, Франција, Германија и со државите од нашето соседство и наместо за нас други да носат одлуки, ние ќе учествуваме во носењето одлуки, тоа е практично голема шанса за Македонија да се влијае таму каде што се носат крупните одлуки. Членството во НАТО ќе им даде шанса на сите граѓани на оваа земја да почувствуваат дека веќе никој не доведува во прашање дали оваа држава ќе опстане или не. Меѓутоа членството во НАТО исто така значи и огромен мотор за македонската економија.

Од референдумот за името зависи и членството во НАТО. Што очекувате, дали тој ќе биде успешен и дали граѓаните ќе гласаат за влез на Македонија во ЕУ и во НАТО?

Мислам дека овој референдум ќе биде во многу нешта налик на оној на почетокот на нашата независност. Граѓаните ја имаат моќта да ја донесат оваа одлука. Убедена сум дека како и во почетокот на 90-тите, ја имаат и одговорноста, ја имаат и мудроста да ја донесат вистинската одлука. Овој договор го цементира македонскиот идентитет, македонскиот јазик, нашето право да бидеме Македонци, нашите колеги Македонци, и тоа не само што ни го дава нам како право, туку го пренесува како обврска и на останатиот свет. Со овој договор и со нашето зачленување во ЕУ и во НАТО, македонскиот јазик ќе стане службен јазик на една од светските асоцијации која е најпрестижна, Европска унија. Ова се прашањата за референдумот и убедена сум дека сите сме свесни за историската одговорност, ја имаме историската шанса, но ја носиме и историската одговорност и кога ќе ги затвориме очите и ќе замислиме што сакаме да ни се случува во наредните 10 години, што сакаме да оставиме во аманет, во наследство на генерацијата после нас, убедена сум дека мнозинството граѓани ќе се изјаснат „за“ македонски идентитет, „за“ македонска иднина и „за“ членство во ЕУ и НАТО.

Шеќеринска вели дека клучната одлука е секоја од политичките партии да не бега од одлуки и од одговорност и да не ѝ го блокира патот на Македонија за кој се изјаснува мнозинството од граѓаните на оваа држава. За сè друго вистинската дискусија ќе биде прво во владата, но потоа пред сè во Собранието на Република Македонија и најважно од сè е да понудиме шанса каде што граѓаните ќе ја носат оваа одлука.

За најавата од Иванов дека нема да го потпише Договорот со Грција, Шеќеринска вели дека таквиот потег е неуставен. „Уставот не  е мени, да си бираме што ни се допаѓа од него“ вели  таа и додава дека ако Иванов одлучи да не го потпише и по втор пат усвоениот Договор со Грција „не става вето на Договорот, туку на можноста граѓаните да се изјаснат на референдум“.

Иванов референдум Шекеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.