НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Атина протерува руски дипломати-имало и обиди за влијание на Договорот

0
By Нова ТВ on July 11, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Грчката влада одлучи да протера двајца руски дипломати и да забрани влез во Грција за уште двајца, обвинувајќи ги за мешање во внатрешните работи и незаконски дејства против националната безбедност на Грција, објавува весникот Катимерини, повикувајќи се на високи грчки дипломатски извори.

Поконкретно, Атина ги обвинува руските дипломати за обиди да извлечат и да објават информации и да поткупат грчки оперативци, кои според весникот завршиле неуспешно.

Во еден дел од текстот се истакнува дека имало напори Русија да интервенира во „чувствителното домашно прашање, како што е договорот меѓу Грција и БЈРМ околу името, и со тоа негативно влијае на улогата на Грција на Балканот“.

Катимерини коментира дека овој случај ја изнесе на површина напнатоста што што постои меѓу Атина и Москва во текот на последните две години, поради прашања поврзани со регионалната безбедност.

Според високите грчки дипломатски извори, Атина бара итно протерување на две лица, меѓу кои е претставникот на руската амбасада, Виктор Јаковлев и протерување на уште други двајца.

Весникот пишува дека овој чекор уследил по бројните координирани напори за проширување на руското влијание во Грција, меѓу другото  и преку активностите на Империското православно палестинско општество.

Истите извори за весникот изјавуваат дека и покрај напорите на грчката Влада да одржи добри односи со Русија, во последно време разни кругови поврзани со руските интереси се мешаат во грчките домашни работи.

Тоа се прави преку финансиски „награди“ за општините, но и митрополитите во грчката православна хиерархија и да обезбедат влијание на Света Гора.

Грчките дипломатски извори за Катимерини велат дека одлуката за протерување е ограничена на конкретните четири лица и не ги менува пошироките добри намери на Грција кон Русија.

Тие додаваат дека сите “реципрочни чекори” на Москва ќе доведат до понатамошно влошување на односите. Во исто време тие укажуваат на фактот дека ниту еден член на грчките дипломатски и конзуларни служби во Русија не се однесувал надвор од строгата рамка на нивната мисија.

Во изјава за грчката ТВ Скај, портпаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос, коментирајќи ги пишувањата на медиумите, рече дека Грција сака добри односи со сите земји, но сите земји се обврзани да го почитуваат меѓународното право и правото, Владата и државата. Во тој контекст тој рече дека преземени се неопходните мерки.

Грција Договорот Катомерини Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.