Владата на Тајланд појави во јавност прва фотографија од децата кои беа спасени откако поминаа 17 дена во пештерата Там Луанг.
На фотографијата се неколку момчиња со маски за лице и болничка облека, при што едно од нив позира со знакот за победа.
Во меѓувреме, припадниците на тајландските „фоки“ кои ја изведоа драматичната акција на спасување објавија ново видео кое покажува како била спроведена операцијата.
Извори од операцијата за спасување за Би Би Си изјавиле дека момчињата биле под силни седативи пред спасувањето за да се спречат евентуалните напади на паника поради темните и тесни пештерски премини низ кои биле изнесувани.
Здравствените власти соопштија дека момчињата и нивниот фудбалски тренер ослабеле но се во добра состојба.
Децата и тренерот кои од пештерата Там Луанг беа извлечени за три дена, добро се грижеле за себе, и сместени се во болница во градот Чијанг Рај.