НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинение за трговија и злоставување на девојчето од Домот „25 Мај“

0
By Нова ТВ on July 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело  Трговија со дете од член 418 г став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик,  додека две лица – корисници на сексуални услуги се обвинети за кривично дело Трговија со дете од член 418 г  став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик.

Се работи за случајот со сексуално злоставуваното 13 годишно девојче од Домот „25 Мај“ во Скопје додека била под грижа на државата, што го обелодени Европскиот центар за правата на Ромите во февруари годинава.

ОЈО за случајот уште истиот месец отвори постапка, а Министерството за труд и социјална политика поднесе кривични пријави против 11 лица од надлежните институции – раководни лица во Центарот за социјална работа – Скопје за ,,несовесно работење во служба’’ и против стручни лица вработени во Центарот, за кривично дело ,,запуштање на малолетно лице’’, и за ,,несовесно работење во служба’’.

Против 18 годишен велешанец кривична пријава поднесе СВР Велес за полов напад врз дете.

Во мај годинава, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка за уште две лица македонски државјани инволвирани во случајот кои добија притвор.

-По спроведување на опсежна истражна постапка и прибирање на обемен доказен материјал, обвинителството утврди дека во период од почетокот на декември 2017 година до 06.02.2018 година, во Кавадарци, Радовиш, Штип и с. Мислешево – струшко, првообвинетата, со употреба на сила, сериозна закана и измама ја искористила немоќта на детето кое немало наполнето 14 години. Обвинетата заради експлоатација по пат на користење во сексуални активности, за паричен или друг надоместок ја превезувала, ја продавала, ја нудела на продавање, ја засолнувала и организирала присилен брак на детето.

Другите обвинети, иако знаеле дека детето е жртва на трговија со луѓе, ја искористувале и овозможувале на друг повеќекратно искористување за сексуални услуги, со што го сториле кривичното дело за кое се товарат.

Како резултат за злоупотребата, детето останало бремено и било принудено да ја прекине бременоста, се вели во соопштението од ОЈО.

Од ОЈО се истакнува дека поради постапките на обвинетите детето во одреден временски период имало  нарушена здравствена состојба, душевно трпело и чувствувала физичка болка од нанесени телесни повреди.

Исто така Обвинителството бара и продолжување на притворот за тројцата обвинети. ​

„25 Мај“ девочје злоставување ОЈО; обвинение
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.