Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Mалиот групен дом во Тимјаник ги отвори вратите за четири дечиња

0
By Нова ТВ on July 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 20, 2018 13:27

Четири деца од Специјалниот завод Демир Капија од денеска ќе бидат сместени во малиот групен дом во Тимјаник, неготинско. Со тоа од денеска овој мал дом ќе почне со работа. 

„Недоразбирањата во Тимјаник се надминати, а децата преселени во малиот групен дом. Никогаш не се сомневав во хуманоста на нашите граѓани. Жителите ни дадоа поддршка на она што го правиме. Верувам Тимјаник ќе биде и ќе остане симбол на хуманоста на нашето општество, а жителите ќе се гордеат со тоа“, изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која заедно со постојаната претставничка на ОН во земјава Луиза Винтон, претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс и градоначалникот на Неготино, Тони Делков присуствуваа на отворањето. 

Министерството за труд и социјална политика во соработка со УНИЦЕФ, Сојуз на Дефектолози и СЗ Демир Капија и изминатиот период интензивно работеше на подготовка на децата за преместување во алтернативни форми на згрижување. Во новиот мал групен дом децата ќе имаат 24 часовна поддршка од лични асистенти, специјализирани индивидуализирани програми за работа и дефектолошки третмани. Близината на училиштето и локалната заедница ќе им овозможи на овие деца полесно и побрзо да се вклопат во општеството.

„Со отворањето на малиот групен дом денес правиме нов чекор кон трансформација на големите институции и обезбедување семејна грижа за секое дете. Заедно со Владата и другите наши партнери секој ден сме се поблиску до остварувањето на заложбата на Владата за ставање крај на институционалната грижа за деца помали од три години до 2020 година.“ изјави Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во Македонија.

Деинституционализацијата преставува премин од социјална грижа во големи „безлични“ институции кон грижа во заедницата. Ова е првиот чекор кон градење похумано општество. Досега од Специјалниот завод Демир Капија се извадени вкупно седум деца.

„Деинституционализацијата е тежок збор но има убаво значење – а тоа е дека секој заслужува место кое ќе го вика ‘дома’. Да се обезбеди за сите деца и возрасни со попреченост да ги уживаат своите права, вклучувајќи го и правото да живеат во нормални домови во заедницата – ова е приоритет за УНДП и за целото семејство на Обединетите нации. Ние сме горди што ја поддржуваме Владата во спроведувањето на заложбата за деинституционализација”- изјави постојана координаторка на ООН и УНДП, Луиза Винтон.

На почетокот на јуни, по најавата дека во неготинското село ќе се гради ваков дом, жителите организираа протести. На еден од нив дојде и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска заедно со претставници на УНИЦЕФ и на ОН, кога жителите во зовриена атмосфера упатија навреди на сметка на децата кои треба да бидат сместени во домот и со барање, тие да останат „понастрана од нивните деца“.

Градоначалникот на Неготино, Тони Делков кој тој ден беше отсутен, во изјава за НОВА рече дека жителите на Тимјаник биле погрешно информирани за децата кои треба да бидат донесени од Заводот во Демир Капија и дека не знае кој го направил плакатот со кој жителите се повикуваат на бојкот, но веќе имаат некакви сознанија кој има давал погрешни информации на жителите на Тимјаник.

Потоа тензиите се смирија, а на крајот на јуни Царовска беше во Тимјаник на средба со жителите, по што соопшти дека има согласност да се гради мал групен дом за децата со попреченост.

групен дом МТСП Тимјаник
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.