Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицотакис: Ако биде ратификуван Договорот ќе го почитувам како обврска

0
By Нова ТВ on July 21, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: АНА МПА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 21, 2018 15:40

Лидерот на грчката опозициска Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис смета дека референдумот во северниот сосед ќе успее, но нагласува дека признавањето на македонската нација и македонскиот јазик во Договорот од Преспа е нешто неприфатливо.

Мицотакис во интервју за „Зидојче цајтунг“ уште еднаш го иразува своето незадоволство од постигнатиот Договор, но додава дека доколку тој биде ратификуван во грчкиот Парламент ќе го почитува, пренесува МИА.

– Јасно кажав дека не сметам дека овој договор е добар. Нова демократија ќе гласа против, кога и да дојде за гласање. Но очигледно, ќе треба да го почитувам како национална обврска на Грција, доколку биде ратификуван од грчкиот Парламент, вели тој.

На забелешката на новинарот на „Зидојче цајтунг“ дека македонскиот јазик е признаен во документи на ОН уште во 1977 година Мицотакис одговара дека „тоа не е исто“.

– Скопското прашање е чувствително. Мнозинството Грци го отфрлаат договорот. Особено во северна Грција многу луѓе се бесни. Стотици грчки фирми го користат терминот „Македонија“ за своите производи. Немаше да ни пречи доколку речевме дека јазикот кој се зборува во Скопје е славо-македонски, но не македонски, нагласува Мицотакис.

Напоменува дека на соседната земја и претстои референдум и според него Договорот ќе биде прифатен. Додава дека таков референдум во Грција не би поминал.

– Јас не посакувам референдум, но надворешно-политичките прашања мора да ги решава Парламентот. Тоа треба да не натера да размислиме. Господинот Ципрас не не консултираше ни за овој случај. Тој сака да ја искористи темата за да ја подели мојата партија, но јас не ја играм неговата игра. Важно е за иднината на Грција, Нова демократија да остане обединета и да може да изгради силна проевропска влада, нагласи Мицотакис.

Во врска со тоа дали смета дека нови избори треба да има по ратификацијата на Договорот, Мицотакис одговара негативно.

– Нашиот северен сосед од нас доби нешто, што ниту една грчка влада досега не беше подготвена да го даде: правото на македонска националност и македонски јазик, иако земјата ќе се нарекува Северна Македонија. Тоа е еден парадокс, додаде тој во интервјуто за Зидојче цајтунг.

Договор Мицотакис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.