Себастијан Фетел со фантастично возење во квалификациите си обезбеди пол-позиција во утрешната трка за ГН на Германија. Возачот на Ферари притоа постави и нов рекорд на патеката во Хокенхајм што сега изнесува 1:11,212 минути. Од второто место ќе тргне Валтери Ботас од Мерцедес, зад нив се сместија Кими Раиконен и Макс Фестапен, третиот ред го резервираа клупските колеги од тимот на Хас, Кевин Магнусен и Роман Грижан, итн.
Луис Хамилтон, пак, ќе стартува од седмиот ред (14. позиција). Слабиот пласман во квалификациската сесија за Британецот се должеше на проблеми со менувачот и излетување од патеката.
Утрешната трка ќе означи и средина во сезоната во Формула 1 шампионатот. Фетел моментно е лидер со 171 поен, осум повеќе од Хамилтон. Трет е Раиконен со 116 бода.