Аленка Артник го израмни светскиот рекорд во нуркање со еден здив. Словенката го направи подвигот на Бахамите каде се спушти до длабочина од 105 метри што во двата правца траеше 3:23 минути. Најдоброто постигнување досега беше во сопственост на Алесија Чекини од Италија.
„Ова е пресвртница во кариерата. Чувството да се биде светски рекордер во оваа дисциплина е неверојатно“, рече Артник по излегување на површина.
Длабочина од 105 метри на Бахамите дофати и Јапонката Ханбаки Хиросе, но нејзиниот резултат не е земен во предвид поради судиска дисквалификација.

Артник е само четврта жена која успеала да ја пробие границата од 100 метри во слободно нуркање.