НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов предлог на ЕК: По 6.000 евра за секој прифатен мигрант 

0
By Нова ТВ on July 24, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската комисија објави два документа во кои ги прецизира плановите што треба да ја извлечат Европската унија од политичката криза во која се наоѓа поради предизвиците со миграцијата.

Еден од предлозите на ЕК е да им понуди на земјите членки на ЕУ по 6.000 евра за секој бегалец што би го примила, и со тоа да ги поттикне земјите да ги почитуваат своите меѓународни обврски.

Документите им се упатени на земјите членки кои од утре се состануваат на амбасадорско ниво во Брисел.

ЕК во својот документ исто така ги објаснува разликите помеѓу “контролните центри“ и “излезните центри“ кои ги предлага за управување со миграциските текови, јави МИА во Брисел.

Контролните центри би биле сместени во земјите членки на ЕУ, додека излезните центри би било во соработка со трети земји.

Целта на контролните центри е да овозможи брза анализа на случаите и да направи дистинкција помеѓу лицата кои имаат право на меѓународна заштита и оние кои се „нерегуларни мигранти“ и немаат право да останат на територија на ЕУ. Овие центри би биле мобилни, би можеле да се преместуваат од една локација до друга, зависно од желбите и потребите на земјите членки и на барање на земјите, и би биле финансиски поддржани од ЕУ. Контролните центри би овозможиле да се намалат секундарните движења, односно движењата на мигрантите од една ЕУ држава во друга откако ќе стапнат на европско тло, што е еден од најголемите проблеми за земјите членки, посебно Германија.

ЕУ целосно би ги покрила инфраструктурните и оперативните трошоци и нуди 6.000 евра по мигрант.

Излезните центри, пак, имаат за цел да обезбедат безбедни излезни точки од двете страни на Медитеранот за спасените лица. Целта на овие центри е да се намали растечкиот број на жртви во Медитеранот. Од овие излезни платформи, оние кои имаат право на меѓународна поддршка би биле пренесени онаму каде што можат да ја добијат таа заштита, додека другите би биле вратени во своите земји преку различни програми.

Токму за овие излезни центри ЕУ бара партнери во третите земји, но до сега ниту една земја не прифатила.

– Очекуваме дека сега кога го имаме документот на маса, ќе може да се диксутира подетално. Со третите земји е на добороволна база, треба да работиме на стратегија, не сакаме да им префрлиме луѓе во нивните земји, објаснуваат од ЕК.

За излезните центри исто така земјите членки и трети држави можат да сметаат на помош од ЕУ во облик на финансиска и оперативна поддршка, поддршка за сите активности кои следат по пристигнувањето на мигрантите, како и за граничното управување.

ЕУ пред се смета на медитеранските земји, но секоја земја е добредојдена да се пријави добороволно доколку сака да се приклучи.

Од ЕК за МИА изјавија дека Македонија и Балканот не се дел од плановите за овие центри.

ЕК Мигранти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.