НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По средбата во Приштина: Косово не ја повлекува одлуката за царините

0
By Нова ТВ on July 27, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема конкретен договор за повлекување на косовската одлука за зголемените царини ни по дненешната средба во Приштина меѓу министерот за економија Крешник Бектеши и косовскиот министер за трговија и индустрија Бајрам Хасани.

Бектеши укажал на штетите што ги предизвика одлуката за двете страни, а од Хасани добил уверување дека тоа ќе биде пренесено на правата наредна седница на косовската Влада.

– Со колегата Хасани денеска имавме подолга, но многу конструктивна средба, на која аргументирано ги образложивме нашите ставови за потребата од целосно укинување на царините. Иако мерката е делумно повлечена за поголем број производи, односно 21, таа остана сѐ уште на сила за само седум продукти, и тоа за доматите, пиперките, грозјето, сливите, јаболката, крушите и малините, на кои отпаѓа најголем дел од македонскиот извоз на косовскиот пазар, изјави Бектеши по средбата.

Како што нагласи Бектеши, косовската Влада на првата наредна седница ќе ги разгледа забелешките на Македонија за да се изнајде решение кое ќе биде взаемно прифатливо.

– Лично верувам дека во најсокоро време ќе ја продолжиме досегашната одлична трговска соработка, во корист на земјоделските производители и бизнис заедницата од двете страни, потенцира Бектеши.

Средбата уследи по официјалното писмо што Бектеши го упати до косовскиот колега пред една недела и по состанокот на ЦЕФТА земјите во Белград, на кој беше поздравена одлуката на косовската Влада за делумно укинување на трговските бариери и беше повикана Приштина во целост да ги укине царините за останатите производи опфатени со одлуката.

Косово на 18 јули ја воведе одлуката за зголемување на царините за земјоделските производи за 30 отсто како времена мерка која треба да трае три месеци, а се однесува на земјите што извезуваат на косовскиот пазар.

Бектеши Косово царини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.