НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сите деца од домот „25 Мај“ се селат во мали групни домови

0
By Нова ТВ on July 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сите 25 деца од Домот за згрижување деца со воспитно социјални проблеми „25 Мај“ од денеска ќе живеат во мали групни домови.

-Подготвена е нова програма за работа со овие деца, постоечкиот кадар помина низ практична обука, а се обезбедија и нови 18 вработувања. Целосно ги прилагодуваме условите согласно потребите на оние за кои треба да се грижиме, наместо да ги прилагодуваме луѓето на системот. Посветено работиме за обезбедување еднакви можности, хумани и достоинствени услови за раст и развој за децата сместени во институциите. Деинституционализацијата е трајно решение во оваа насока , рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на отворањето на еден од домовите.

–За жал, секогаш ќе има ситуации кога не е можно, не е безбедно, или не е во најдобар интерес на детето да живее со своeто биолошко семејство. Грижата во згрижувачко семејство е најдобрата алтернатива на големата институција, но семејното опкружување, исто така, може да се добие во мал групeн дом каде децата го добиваат чувството на припадност, стабилност и поддршка што им е потребно. Да не заборавиме и на возрасните во институциите – тие исто така заслужуваат живот во заедницата. Сите агенции на Обедините нации во земјата се посветени на поддршка на деинституционализацијата за сите деца и возрасни кои живеат во институции да можат да го уживаат своето право на достоинствен живот, рече Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ.

Домот „25 Мај“ посебно стана актуелен во јавноста по  случајот со сексуално злоставуваното 13 годишно девојче додека била под грижа на државата, што го обелодени Европскиот центар за правата на Ромите во февруари годинава.

На 19 јули Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција  поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело  Трговија со дете од член 418 г став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик,  додека две лица – корисници на сексуални услуги се обвинети за кривично дело Трговија со дете од член 418 г  став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик.

„25 Мај“ мали групни домови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.