Покрај фудбал, Нејмар, меѓудругото, сака да и карти. А, дека и тие го сакаат него покажа турнир од бразилската покер серија на кој ѕвездата на „кариоките“ и на ПСЖ доби 21.470 долари, откако на маса седна со почетен депозит од 1.877 долари и стигна до финалето кога веќе не успеа со фудбалската репрезентација на Бразил на Светското првенство во Русија.
„Пресреќен сум што издржав до финалната рунда. Конкуренцијата беше жестока. Ова е одлично искуство за мене“, рече Нејмар по завршување на настапот.
На покер турнирот во Бразил викендот учествуваа 228 играчи.