Лига на шампиони: ПСЖ без Нејмар и Кавани на мегдан со Манчестер Ј.

Томас Тухел, тренер на париските „светци“, признава - „ослабени сме“, па целиот товар и притисок ќе падне на Килијан Мбапе. Дуелот на „Олд Трафорд“ е со почеток во 21 часот кога ќе почнат и Рома и Порто на „Олимпико“ со кои почнува и примената на ВАР технологијата во ЛШ

Бизарности во ПСЖ: Нејмар за поздрав со фанови инкасира 375.000 евра

Дел од ставките во договорите на фудбалерите што излегоа во јавност преку тајните документи на платформата „Фудбал Ликс“ се иритантни ако се има предвид постојаниотѕ пораст на стапката на сиромаштија во светски рамки

И карта го сака: Нејмар доби 21.470 на покер турнир во Бразил

Ѕвездата на „кариоките“ и на ПСЖ седна на маса со почетен депозит од 1.877 долари и стигна до финалето како еден вид утеха кога веќе не успеа со фудбалската репрезентација на Бразил на Светското првенство во Русија

Реал М. фрли ракавица на ПСЖ: Перез стокми 310 милиони евра за Нејмар

За сензационалната понуда јави шпанската национална телевизија ТВЕ според која управата на „кралевите“ е подготвена да понуди седумгодишен договор на Бразилецот кој би заработувал 45 милиони евра по сезона

ПСЖ: Кавани не ги препушта пеналите на Нејмар ниту за милион евра

Според весникот „Ел Паис“, претседателот на „светците“, Насер Ал-Келаифи наводно му понудил потенцијален бонус од еден милион евра на Уругваецот надвор од неговиот договор со клубот од „Паркот на принцевите“ доколку му дозволи на Бразилецот во иднина да биде изведувач на најстрогите казни, а притоа да биде и најдобар стрелец во француската Лига 1 на крај на сезоната

Фудбал, Лига 1: Шест гола на ПСЖ, солзи и дабл-дабл на Нејмар (Видео)

„Светците“ го декласираа Тулуз со 6:2. Бразилецот во фокусот, покажа силни емоции при едноминутниот молк во чест на жртвите во терористичкиот напад во Барселона, град во кој мина четири години за потоа да биде МВП во натпреварот со два гола и две асистенции

Шпанската лига со вето: Одбиени 222 милиона евра за Нејмар

Реакцијата од Ла Лига е без легална основа за спречување на трансферот бидејќи е исполнет услов од договорот, но, сепак, се решија да стават вето и најавија жалба до УЕФА за прекршување на финансискиот фер-плеј од францускиот клуб

Радио „Монте Карло“ објави: Нејмар му рече „Да“ на ПСЖ

Нејмар во Париз се чека за потпис на договор до 2022 година вреден 150 милиони евра или 30 милиони по сезона. Со тоа, Бразилецот ќе стане најскап играч во историјата на фудбалот и „дебело“ ќе го надмине Пол Погба кој минатото лето се пресели од Јувентус во Манчестер јунајтед за 105 милиони евра