Норвежанката Вибеке Скофтеруд (38), носителка на златен медал во штафетната трка 4х5 километри од Игрите во Ванкувер во 2010 година, е пронајдена мртва на брег на езеро на југот на земјата.
Безживотното тело на нордијката, чие исчезнување беше пријавено синоќа, беше лоцирано утрово на островот Света Хелена во областа Арендал во југоисточна Норвешка. Според првичните полициски претпоставки, случајот упатува на несреќа со оглед дека во непосредна близина е пронајден и скутерот.
Скофтеруд, која ја завршиа кариерата во 2015 година, беше и светска шампионка во штафетите 4х5 км. во 2005 година и во 2011 година, а од мундијалите има и сребро и бронза.