Аксел Витсел се враќа во европскиот клупски фудбал. Белгискиот репрезентативец потпиша четиригодишен договор со Борусија Дортмунд, откако „милионерите“ решија да ја активираат откупната клаузула во неговиот договор со кинески Тијанџин Теда.
„Моја цел по Светското првенство беше да се преселам од Кина во Европа“, рече 29 годишниот Витсел кој се обврза на верност кон бундеслигашот до 2022 година.
Витсел во кариерата играше и за Стандард Лиеж, за Бенфика и за Зенит. Во дресот на репрезентацијата на Белгија дебитира во 2008 година. Од тогаш одигра 96 меча во кои постигна девет гола.