ЛШ: Атлетико со скалпот на Ливерпул, Дортмунд го слави Халанд

Шпанскиот претставник го совлада европскиот првак со 1:0 во меч во кој погодокот на Саул од четвртата минута се покажа како решавачки на стадионот „Ванда Метрополитано“. Норвежанецот Ерлинг Халанд со два гола им донесе триумф на „милионерите“ против ПСЖ

Казна за нередовност на „Вестфален“: Борусија Д. одзеде 500 сезонски билети

Низ целиот шампионат во Германија, раководството на Борусија Дортмунд ревносно ја бележеше посетата на натпреварите на домашен терен, па секој што не присуствувал на барем седум од 17 средби на „Вестфален“ остана без пропусница за наредната сезона

Борусија Д. губи здив во Бундеслигата: Аугсбург ги шокира „милионерите“ (Видео)

Најзаслужен за зачувување на трите бода на „ВВК арена“ беше Јужнокореецот Донг Вон-Џи кој ги постигна двата гола за домашните во 25. минута и во 68. минута за петта победа во сезоната. Единствениот за гостите беше дело на Пако Алкасер во 80. минута

ЛШ: Атлетико М. нокаутиран во Дортмунд, ПСЖ спасуваше бод со Наполи

Борусија си поигра со составот на Диего Симеоне и го испрати од „Сигнал Идуна Парк“ со 4:о во меч од третото коло во Лигата на шампиони на УЕФА. Анхел ди Марија во 93. минута спречи сензационална победа на Наполи против ПСЖ - 2:2

Венгер подготвува „бомба“: Обамејанг во Арсенал за 60 милиони евра

Францускиот менаџер, според извори што важат за добро информирани, сака што поскоро да го комплетира трансферот на Габонецот кој меѓу „топчиите“ би пристигнал како замена за Алексис Санчез иако Кина се споменуваше како можна наредна дестинација во кариерата на напаѓаќот на Борусија Дортмунд

„Милионерите“ во криза: Борусија Д. го суспендира Обамејанг

Во отсуство на конкретни причини се шпекулира дека изречената мерка за првиот стрелец и ѕвезда на тимот од „Вестфален“ е од дисциплинска природа и дека ќе биде надвор од комбинација за утрешниот дуел (петок) против Штутгарт во Бундеслигата

Бундеслига: Вицешампионот Лајпциг поразен во Гелзенкирхен

Шалке триумфира со головите на Набил Бенталеб во 43 минута од пенал и на Конопљанка во 73. и уште на стартот се наметна како кандидат за највисок пласман. Одлична и екипата на Борусија Д. која славеше на гостувањето кај Волфсбург со 3:0. Во првиот тим на „милионерите“ се врати Марио Геце по осуммесечна пауза поради метаболично нарушување во организмот што му беше дијагностицирано зимоска