Артуро Видал од денеска е нов член на екипата на Барселона. Чилеанецот потпиша договор на три години со Каталонците кои на Баерн Минхен ќе платат 18 милиони евра за неговите услуги.
„Дојдов да освојам се. Подготвен сум да се вложам целиот за да успееме во тоа. Луѓето знаат што носам на терен. Многу борба и тимска игра во одбврана и во напад“, рече Видал на промоцијата на „Камп Ноу“.
Покрај Баерн Минхен, во Европа играше и за Баер Леверкузен и за Јувентус, а во Јужна Америка за Коло Коло.