НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФДМ: Против блокирање и условување на референдумот

0
By Нова ТВ on August 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Форумот за демократска Македонија го поздравува долгоочекуваното распишување на #референдумот за Договорот за името со Република Грција, чиј исход е клучен за евроатлантските интеграции на Република Македонија: долгорочна стратешка определба на мнозинство граѓани на Република #Македонија, како и на членовите на нашата организација.

Во соопштението, Форумот остро ја осудува блокадата на распишувањето на референдумот од страна на најголемата опозициска партија во државата и ја доживува како погазување на правото на граѓаните на Република Македонија да ја изразат својата демократска волја, но и на долгорочната, јавна и заедничка определба на двата најголеми политички фактори во државата за референдумско изјаснување по ова прашање.

Од Форумот истакнуваат дека недвосмислено се противат на секаков обид за условување на референдумскиот процес и на евентуалните уставни промени кои би произлегле од него со амнестија за низата кривични дела за кои се сомничат поединци од претходната власт. Уверени сме дека ваквата амнестија би претставувала фатален удар за владеењето на правото во Република Македонија и за демократскиот кредибилитет на нашата држава.

Форумот исто така изразува одредени резерви околу консултативната природа на претстојниот референдум која има за цел да го неутрализира евентуалниот бојкот. Неизјаснувањето на граѓаните на овој референдум претставува легитимно демократско право, исто како и директното изјаснување со гласање „за“ или „против“.

-Во насока на гарантирање аргументиран референдумски дискурс и информирано гласање на 30 септември, Форумот потенцира дека компромисен договор со Република Грција претставува неизбежен услов за евроатлантските интеграции на Република Македонија без оглед на напредокот на внатрешните реформски процеси. Оттука, Форумот ја осудува тенденциозната теза на дел од противниците на Договорот дека овој договор одвраќа внимание од реформските процеси, или претставува одредена замена за нив, кога всушност само ја приближува нашата нација до остварување на долготрајниот стремеж за станување полноправна членка на глобалното семејство на нации.

Форумот потенцира дека разрешувањето на спорот за името со Република Грција е премногу важно за да се сведе на поделба на гласачкото тело на табори според партиски (не)симпатии. Референдумот е дел од поширока визија за иднината на земјата која не треба да врзува со поддршка за СДСМ и за нејзините потфрлања во реформските процеси, ниту пак за ВМРО-ДПМНЕ, која го критикува референдумот без да понуди јасна алтернатива. Референдумското изјаснување е можност граѓаните да покажат сопствено размислување и да донесат одлука во натпартиски контекст.

На крајот, како глобална организација на македонски иселеници од најразлични возрасти и етницитети, Форумот остро ги осудува сите обиди на одредени иселенички организации да го моноползираат дијаспорскиот дискурс и да го прикријат разногласието во дијаспората за ова клучно политичко прашање.

#ФДМ #ПоинакваДијаспора

референдум Форум за демократска Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.