Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата утре ќе одлучува за разрешувањето на директорот на БЈБ

0
By Нова ТВ on August 13, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 13, 2018 14:23

Владата на утрешната седница ќе го разгледа предлогот за разрешување на директорот на БЈБ, Лазо Велковски кој беше поднесен од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски откако се утврди дека Велковски службеното возило  го користел за превезување на членови од неговото семејство надвор од Македонија.

За можните негови наследници ќе се разговара понатаму, информира денеска премиерот Зоран Заев по панелот  што во Клубот во пратениците се одржа по повод 17-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.

– Имиња за негов наследник се уште немаме, не сме размислувале, бидејќи не се надеваме дека ќе се случи ваква грешка. Ќе ни треба време да најдеме вистинско решение, рече Зев.

Тој напомена дека Велковски е еден од неговите први соработници, и нагласи дека верува оти тој и натаму ќе биде значаен партнер во МВР, бидејќи е важен поради неговото искуство.

– Исправен пред заканите што од минатото биле насочени кон него и кон неговото семејство ја направил грешката, рече Заев и демантира дека неговата смена  е резултат на внатрепартиски пресметки во СДСМ.

Тој го оцени Велковски како професионален член на СДСМ кој од секогаш важел за сплотувачки елемент во партијата и додаде дека неговото разрешување е чин на понесување на одговорност нешто што граѓаните на земјата го очекуваат од носителите на јавни функции.

Во врска со тоа дали разрешувањето на Велковски и неприфаќањето на оставката на вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев претставува примена на двојни аршини, Заев рече дека во случајот со Велковски е констатирана и потврдена грешка.

– Во случајот со грантовите на Фондот за иновации секој според законот во РМ има право да аплицира. Нема грешка согласно законот. Законот еднакво важи за сите. Имаме еклантантни примери каде тоа веќе сме го докажале. Ако кој било се огреши пред законот, треба да одговара. Ако некој направи грешки и од технички аспкет треба да ја понесе одговорноста, истакна Заев.

БЈБ Велковски Влада разрешување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.