Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бомби во Титаник: Јанкулоска и Протуѓер разговараат за прилозите на А1

1
By Нова ТВ on August 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 17, 2018 12:58

Во дел од „бомбите“ што денеска се слушаат во Кривичниот суд во Скопје беше пуштена и снимка на која разговараат поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и  Мартин Протуѓер, шеф на Кабинетот на поранешниот премиер за новинарските прилози на А1 Телевизија дека секој вработен во државната администрација треба да предложи по 15 гласачи.

– Ептен ги наместиле. Гледам прилог и ги прашуваат луѓето за кого ќе гласаат и овие велат за ВМРО. Ги прашуваат зошто и овие кажуваат дека ќе им завршат за вработување или за нешто друго. Ептен беше, не знам како не ги познават по гласот по цел ден се на ТВ. Ќе треба добро да смислиме како да реагираме, вели Јанкулоска во разговорот.

Во друг разговор, Протуѓер и вели на Јанкуловска дека не знаат како да реагираат на ова и оти мора да ги тужбат новинарите.

Дел од „бомбите“ што се слушнаа беше и разговор меѓу Јанкулоска и Протуѓер за прилозите на Канал 5 Телевизија.

– Канал 5 не ги покриваат настаните, а газдата е кај нас на листа. Мора да ги стегнеме малку, вели Јанкуловска.

Протугер: Шврговски работи за СДСМ

Во друг разговор Протугер и се жали на Јанкулоска за тогашниот републички јавен обвинител Љупчо Шврговски, а сегашен адвокат на Сашо Мијалков.

-Копиле скапано мајката да му ја му е..м… Четири месеци чекам за „Надеж“предмет да отвори. Тој работи за СДСМ. Чист случај за апсење има за Наташа Савова и ништо не прави“.

– Сашо нека го стегне Шврговски – му вели Јанкулоска, на што Протугер и одговара дека „цело време е пијан“.

– Овој Шврговски ти кажувам јас за СДСМ работи. А бе ај кажи ми што направил, едно обвинение нема покренато. Ме нервираат педери како Шврговски. Каква порака сум му спремил, со мајки, шајки, со племе комуњарско, го завршува Протугер разговорот со Јанкулоска.

Пред присутните во судницата беа презентирани и аудио снимки кои откриваат како се мобилизирале вработените во Царината, како и снимки меѓу поранешни фунционери во кои тие разговараат за  гласачите од дијаспората и колку се официјално пријавени во ДИК, како и за потенцијалните кандидати на изборите кои би можеле и би имале најдобри шанси да бидат на листата во изборните единции.

Ова предизвика реакции на одбраната дека снимките немаат никаква доказна вредност, на што судијата Осман Шабани рече дека доказите се прифатени и ќе бидат изведени, а потоа судот ќе цени дали тие се однесуваат на кривичното дело или не.

Во досегашниот дел од рочиштето слушнати се 46 разговори од вкупно 1.063 аудио снимки. За седум од снимките ќе биде исклучена јавноста по барање на Специјалното јавно обвинителство бидејќи се работи за приватни разговори.

Рочиштата за „Титаник“ заради мајчинските обврски на поранешната министерка Гордана Јанкуловска ќе се одржуваат во периодот од 10 до 12 часот по што ќе следи пауза од еден час, потоа од 13 до 15 часот со пауза од еден час и од 16 до 18 часот.

„Титаник“ А1 бомби
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.