Холанѓанката Кики Бертенс е новата шампионка на ВТА турнирот во Синсинати. До првата титула од категоријата Премиер во кариерата, таа стигна по победата во финалето над Симона Халеп со 2:6, 7:6, 6:2.
За комплетирање на изненадувањето ` беа потребни два часа и пет минути игра во кои Романката не успеа да искористи и една меч топка во тај-брејкот по што следуваше пресврт на холандската тенисерка.
Во мечот по кој го подигна вториот победнички трофеј во 2018 година, Бертенс забележа 34 директни поени и дури 41 неизнудена грешка, сооднос што кај Халеп беше 23:24.