(Видео) Втор ден на АО: „Тренинг“ победа на Надал и пораз на Шарапова

Моментно водечкиот тенисер на АТП листата имаше „тренинг“ натпревар во првото коло против Уго Делиен од Боливија над кого славеше 6:2, 6:3, 6:0, а, пак, најдобрата хрватска тенисерка Дона Векиќ беше кобна за Шарапова над која триумфира со 6:3, 6:4

С. Вилијамс „прегазена“: Халеп за 55 минути до трофејот на Вимблдон

До првиот трофеј на лондонската трева, втор гренслем во нејзината кариера по Ролан Гарос во 2018 година, Романката стигна експресно и на импресивен начин. Конечни 6:2, 6:2 за 27 годишната девојка од Констанца која ја надигра Американката како ретко која нивна колешка досега

Која ќе ја наследи Кербер на Вимблдон: С. Вилијамс во 11 финале, прво за Халеп

Серена Вилијамс во шестиот настап во комплексот на „All England Club“ ја совлада Барбора Стрицова со 6:1, 6:2 за 11 финале во кариерата во Лондон во кое ќе атакува на седми трофеј или вкупно 24 на гренслем турнирите. Симона Халеп, пак, за првпат ќе игра во финале на Вимблдон во кое ќе брка втора гренслем титула по освоената на Ролан Гарос во 2018 година, откако во полуфиналето ` препушти само четири гема на Елина Свитолина од Украина (6:1, 6:3)

Вимблдон: Халеп прва финалистка во Лондон

Романката, која во Лондон настапува како седма носителка, во полуфиналето ја совлада Елина Свитолина со убедливи 6:1, 6:3 за еден часа и 12 минути игра. За титулата ќе игра против подобрата од втората полуфинална пресметка меѓу Американката Серена Вилијамс и Барбора Стрицова од Чешка

АТП и ВТА ранг листи:Надал го смени Федерер, Халеп не мрда кај дамите

Промената на лидерската позиција дојде како резултат на губењето на бодови на Роџер Федерер по раната елиминација од Танаси Кокинакис од Австралија во второто коло на Мастерсот во Мајами, па Шпанецот има 100 бода повеќе од Швајцарецот. Романката, пак, навлезе во 22. недела на владеење во женскиот тенис

Халеп: Речиси сум мртва, мускулите ги снема, зглобот не го чувствувам

Романката го „преживеа“ маратонот со Лора Дејвис во третото коло на Австралија опен и на крајот славеше со 4:6, 6:4, 15:13. Само последниот сет траеше 142 минути под пеколното сонце во Мелбурн во мечот во кој беше израмнет рекордот на одиграни гемови на женскиот дел на гренслемот од 1996 година кога Чанда Рубин ја порази Аранча Санчез Викаро со 6:4, 2:6, 16:14

Тенис: Мугуруза ја „збриша“ Халеп во финалето во Синсинати

Шпанската тенисерка едноставно беше немилосрдна кон Романката нанесувајќи ѝ го еден од најтешките порази во кариерата. Шампионката на Вимблдон загуби само еден гем во меч што се најавуваше и очекуваше да биде неизвесен и со три сета, а траеше само 56 минути, за конечни 6:1, 6:0