НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Титаник: Како врвот на ВМРО ДПМНЕ ја обезбеди изборната победа во 2011

0
By Нова ТВ on August 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во продолжението од судењето за ,,Титаник“, денеска во судница се слушаат ,,бомби“ за предизборната кампања за изборите во 2011.

Во попладневниот дел беа преслушани телефонските разговори од 31 мај 2011 година.

Во судот беше пуштен разговор на екс министерката Јанкулоска и поранашениот шеф на Кабинет на Груевски Мартин Протугер, во кој Јанкулоска му се жали дека тогашниот претседател на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски лажно ја клеветел дека зборувала против ВМРО ДПМНЕ.

Протугер и сугерира на Јанкулоска „да не му остане должна“ и да му возврати на Бошкоски нарекувајќи го кодош. Во истиот разговор Јанкулоска го прашува Протугер како стојат во кампањата и дали ќе ги победат СДСМ, на што тој одговара дека ќе им „е… на матер“, а на А1 телевизија „на 6 јуни ќе им се мочам во уста“.

Во судницата беа презентирани и други телефонски разговори во кои се слуша како поранешни министри и партиски функционери договараат и превоз на избирачи од дијаспората. Во еден разговор, поранешниот министер за транспорт Јанакиески разговара со извесен Ристе, со кој договараат како да се пренесат лицата кои сакаат да гласаат од Италија до избрачките места.

Во друг разговор, Јанакиески му кажува на својот соговорник дека треба да обезбеди превоз за 600-700 избирачи од Скопје и Штип кои ќе треба да се превезуваат низ Македоија на денот на гласањето.

За ова, начелно се договара сума од околу 5 евра од избирач или околу 3-4.000 евра вкупно.

Во сетот разговри кои беа пуштени денеска беше и оној кој веќе и е познат на јавноста, а во кој сегашниот претседател на Врхвниот суд Јово Вангеловски му се јавува на Јанакиески и му кажува дека за случајот „Глобал“ (во кој беше обвинет Зоран Заев) на еден од документите недостасува потписот на Јанакиески.

-Еден од судиите ми прави проблем зато го нема твојот потпис. Ќе ти го пуштам бројчето, а ти утре врати ми копија, зашто случајот треба да излезе од кај нас, вели Вангеловски.

И полицијата во кампања

Во неколку телефонски разговори се слушаат екс министрите Зоран Ставрeски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески кои разговрааат околу тоа дали има доволен број полицајци во Струмица.

Јанкулоска се жали дека полицајците се без бензин и дека во случај да ,,има убиство, ќе треба да одат со приватна кола“. Таа исто така вели дека дале по 20 литри на секоја полициска станица, но дека во текот на кампањата се потрошило се.

Во друг разговор извесен Марјан кој работи во полиција и се јавува на Јанкулоска и и кажува дека по разговорот што го имал со Јанакиески одлучиле со началникот на полицијата да концентрираат повеќе луѓе во ромското маало во Радовиш.

Јанакиески му се јавува и на инспектор во МВР од Струмица од кого бара да се вклучи во кампањата за ВМРО ДПМНЕ во Сушица, но по приговарањето од инспекторот дека ,,него и на неговата фамилија никој ништо не му помогнал“ договараат и лично да се видат.

Во друг телефонски разговор, непознат соговорник ја советува Јанкулоска дека „мора да внимаваат што прават“, бидејќи „за ова и во затвор се оди“. Таа се согласува со контстатацијата и додава дека никој од полицијата не смее премногу да се експонира и „да не се лета“ во целата оваа кампања.

Во ек на изборната кампања, министерката за полиција Јанкулоска договора со генералниот секретар Кирил Божиновски избор на членови во неколку државни институции и компании. Таа бара од Божиновски да ,,помине изборот на членови за Одборот за акредитација за високо образование“, како што бара ,,шефот“, а исто така и дека треба да ги објави во „Слубен весник“ изборот на членови во органите на МЕПСО и ЕЛЕМ.

-Наташа Крстевска треба да ја ставите во ЕЛЕМ и во МЕПСО по барање на шефот, ама да не бидат пуштени ист ден во „Службен весник“, му вели Јанкулоска.

Јанакиески им давал наредби на функционери

Во претпладневниот дел се слушаа неколку десетици разговори кои ги водел екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски со повеќе соговорници на 30 мај 2011, на само една недела пред вонредните избори што се одржаа на 5 јуни. Најголем дел се со лица на високи позиции во повеќе институции.

Во една од бомбите презентирана денеска од разговорот е воден два дена пред изборите во 2011 година се слушна и гласот на актуелниот претседател на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Дерковски.

Како тогашен директор на Македонска железница, Дерковски добивал инструкции од Миле Јанакиески за ангажирање на членовите на партијата за лепење плакати и тоа на партијата СДПМ, која како кандидат предложуваше двојници на СДСМ, како Рада Шеќерова.

-Во 7 во штаб, до 9 да излезат од месните и општинските комитети, во 10 да излезат нивни роднини и пријатели, а до 12 часот да излезат сите вработени, му вели Јанакиески на Дерковски.

Исто така, во претпладневниот дел беше пуштен разговор со Владимир Божиновски, експерт кој настапуваше во медиумите во одбрана на ставвоите на ВМРО ДПМНЕ, во кој му соопштува на Јанакиески дека паѓа поддршката за ВМРО ДПМНЕ во 4 изборна единица.

,,Ме попари“, вели Јанакиески, а Божиновски одговора дека можеби и тој направил грешка во анкетата, но дека трендот е надолен.

-Ич не ми е јасно, вели Божиновски и пцуе по политичките конкуренти – СДСМ и го советува Јанакиески ,,да продолжи јако до крај“.

Во останатите разговори презентирани денеска, а се однесуваа на Јанакиески што ги водел во само еден ден (30 мај 2011), е и со ексдиректорот на УЈП, Горан Трајковски од кого бара да се затворат дуќани во ромското маало во Струмица, во кои според Јанакиески има брашно кое Заев наводно ќе го делел на Ромите.

Од друг разговор се слуша дека Јанакиевски испраќа и список на војници до партиски член во Министерството за одбрана, дека договара и печатење на 20.000 нови партиски флаери, а од директорот на „Македонски пошти“ Ејуп Рутеми од ДУИ бара да провери кој ги испраќал писмата што ги добиле радовишани,а во кои се критикувала ВМРО ДПМНЕ дека бара вработени во државната администрација да обезбедат по 15 гласачи.

И на денешното рочиште беа преслушани уште стотина телефонски разговори, од вкупно 1.063 колку што предложи СЈО како докази. Наредото рочиште за „Титаник„ е закажано за 12 септември, бидејќи против обвиниетите се водат и други случаи за кои веќе се закажани рочишта.

Во предметот првообвинет е експремиерот Никола Груевски, а заедно со него обвинети се ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, актуелниот пратеник Илија Димовски и шефот на кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Билјана Бришкоска-Бошковски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

СЈО ги товари за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во неколку изборни циклуси.

Освен „бомбите“, СЈО предложи 5.910 писмени докази и 191 сведок.

 

„Титаник“ бомби рочиште
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.