НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ципрас објави крај на должничката криза: Започнува нова ера за Грција

0
By Нова ТВ on August 21, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денес е нов историски ден за нашата татковина. Меморандумите со мерки за штедење, со рецесија и социјален пустош конечно завршија, а нашата земја, го враќа правото, сама да си ја одредува судбината и нејзината иднина, како нормална европска земја, рече грчкиот премиер во неговото обраќање од грчкиот остров Итака по повод завршувањето на последната 3-годишна финансиска помош за Грција.

Како што јави МИА од Атина, речиси 8-минутното обраќање на Ципрас до јавноста беше полно со симболика, поврзувајќи ја актуелната ситуација во Грција и она што земјата го помина во изминатите осум години на финансиската криза со патешествието на „Одисеја“ од Хомер за да стигне до неговата родна Итака.

-Од денес, со визија и одлучност започнуваме нова ера за нашата татковина со претпазливост и одговорност, за никогаш да не се вратиме назад кон Грција со дефицити и банкрот. Но, и со смелост за одново раѓање на Грција. За татковина на еднаквост, демократија и општествена правда. Бидејќи Итака е само почетокот, рече грчкиот премиер во неговото обраќање до Грците, велејќи дека со „битка и пожртвуваност го испишале крајот на меморандумите“.

Без директно да спомене имиња, Ципрас индиректно упати критики до поранешните грчки премиери и министри, но и до поранешни членови на СИРИЗА. Рече дека Грција од 2010 ја живееше современата „Одисеја“, а во рок од пет години „се случи нешто што не се случило во друга земја во време на мир“.

-Се загубија 25 отсто од нашето национално богатство. Тројца од 10 беа невработени. Исто така, шест од 10 млади луѓе беа невработени. Беа имплементирани мерки за штедење од 65 милијарди евра. Насилството и репресијата станаа дел од секојдневието. Демократијата беше деградирана. Банкари станаа премиери, а министрите станаа банкари. Фашистичките банди излегоа од нивните скривници после 60 години. Земја во континуирана вонредна состојба. Но, и народ, кој никогаш не ја прифати судбината што му ја спремаа моќните. И испиша нови страници на отпор. Овој народ, пред три и пол години, направи историска одлука. Да го земе кормилото на земјата од оние кои ја доведоа до карпите и да го даде на нови капетани, рече Ципрас опишувајќи ја ситуацијата во земјата пред СИРИЗА да дојде на власт.

Грчкиот премиер рече дека од денес започнува нова ера за Грција, но дека не треба да се заборават ниту причините ниту личностите, кои ја доведоа земјата до кризата, но и оние кои и помогнаа.

-Стигнавме на нашата дестинација, излеговме од меморандумите, но не завршивме тука. Сега, пред нас се нови битки, порача Ципрас во обраќањето.

крај на кризата обраќање Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.