НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова кривична пријава за Стевчо Јакимовски за бесправно градење

0
By Нова ТВ on August 23, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднело кривична пријава против Стевчо Јакимовски, поранешен градоначалник на Општина Карпош и уште две лица од градежни фирми, товарејќи ги за бесправно градење.

Пријавите се поднесени поради демонтажа на две од старите општински бараки и нивно повторно поставување во дворот на основното училиште „Лазо Трповски“ во 2012 и 2013 година.

Според пријавата, Стевчо Јакимовски како тогашен градоначалник и инвеститор на работите во име на Општина Карпош ги поставил бараките спротивно на Законот за градење и без одобрение за градење и соодветна архитектонско-урбанистичка документација. Отпосле поднел барање за легализација кое го потпишал, но бараките не потпаѓале под законот за постапување со бесправно изградени објекти, оти биле изградени по неговото стапување на сила.

Второпријавениот Ј.К., инженер од „Карапанчевски Компани“ до Скопје, кој бил ангажиран од Општина Карпош, а за надзорот над демонтажата и повторната изградба на бараките потпишал градежен дневник, градежна книга и времена ситуација, иако не било издадено одобрение за градење.

Третопријавениот А.М., како одговорно лице во фирмата Алкопроект од Тетово, која ги изведувала демонтажата и повторната монтажа, дозволил да се изведуваат работите без одобрение за градење, соопшти Финансиска полиција.

На 8-ми месецов Финансиската полиција покрена кривична пријава против Јакимовски и за злоупотреба на службената положба и овластување, како и поради соизвршителство против четворица негови соработници. На предлог на Обвинителството, судот им изрече мерки на претпазливост со кои им е одземен пасошот и беа задолжени редовно да се пријавуваат во суд.

По изречените мерки од судот, Јакимовски изјави дека дека се работи за монтиран случај со цел да се дефокусира јавноста. Со пријавата за злоупотреба на службената положба и овластување Јакимовски и неговите соработници, според Основното јавно обвинителство, го оштетиле буџетот на Општина Карпош за 36.634.675 денари, овозможувајќи им да се стекнат со противправна имотна корист на правните лица АЛКОНПРОЕКТ ДООЕЛ Тетово во износ од 33.789.441 денар и С.М. Компани во износ од 2.845.234 денари.

бараки карпош Кривична пријава Стевчо Јакимовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.