НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За пратениците рок до понеделник дали ќе водат кампања за референдумот

0
By Нова ТВ on August 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ноќеска на полноќ истече рокот за пријавување за гласање на дијаспосрата за престојниот референдум и за увид во Избирачкиот список. До Државната изборна комисија до вчера напладне биле доставени 2.437 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.

Најголем број пријави се за гласање во Берн – 256, Љубљана – 213, во Лондон – 127, во Торонто – 136, Виена – 108, Канбера 99, а  најмалку се поднесени во Талин, Киев и Приштина – по една пријава,  и Њу Делхи, Каиро и Сараево – по две пријави.

Гласањето во странство ќе се спроведе на 29 септември во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија во кои се прифатени најмалку 10 пријави за гласање.

Од ДИК информираат и дека до средата вкупно 4.959 граѓани извршиле увид во податоците во Избирачкиот список. Најголем број граѓани увид извршиле во Струмица – 509​, Битола – 454, Карпош – 431.

Од Владата вчера соопштија дека на последната седница донела одлука со која го задолжила Министерството за финансии да подготви предлог-одлука за обезбедување 80 милиони денари од тековната буџетска резерва, односно од ставката – функции на државата од буџетот на Министерството, кои ќе бидат ставени на располагање за спроведување кампања на Собранието како овластен предлагач на референдумот.

– Средствата во износ од 80 милиони денари што Владата ги обезбеди за Собранието за кампања за референдумот се за пратениците и политичките субјекти кои се избрани на последните парламентарни избори, истакна денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Овие средства, потенцираше Бошњаковски, се од ставка од тековниот Буџет и нема потреба за ребаланс на Буџетот. Кога ќе бидат префрлени парите на Собранието се уште нема информации. Доколку на крајот на кампањата има непотрошени средства, тие, како што кажа портпаролот на Владата, ќе бидат вратени во Буџетот на Република Македонија.

Претседателот на Собранието Талат Џафери пак вчера достави известување до пратеничките групи во кое бара во рок од три дена да одговорат дали ќе учествуваат во јавната пропаганда за референдумот која треба да ја спроведе Собранието, како и за тоа каква кампања ќе водат, дали ќе бидат „за“ или „против“ референдумското прашање.

Известувањето е упатено до координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, Беса, како и до пратениците на ДПА и Алијансата за Албанците.

Рокот од три дена Џафери им го дава на координаторите на пратеничките групи за да го известат дали ќе учествуваат во јавната пропаганда и за тоа дали ќе водат кампања „за“ или „против“ референдумското прашање заради планирана и соодветна распределба на овие средства за реализација на јавната пропаганда.

Собранието во средата формираше Координативно тело за спроведување на референдумот на државно ниво на 30 септември и водење на јавна кампања, а со него ќе раководи Џафери. Негови членови ќе бидат потпретседателите и координаторите на пратеничките групи.

кампања пратеници референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.