НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сведокот во „Монструм“: Видов четири тела и три автомобили

2
By Нова ТВ on August 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со сослушување на загрозениот сведок, кој одговара на прашањата на адвокатите на обвинетите,  денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за предметот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство, за петкратното убиство кај Смилковско езеро, сторено на 12 април 2012 година.

Во судницата се присутни обвинетите Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, кој е спроведен од затворот Шутка, каде издржува затворска казна за друго дело. СЈО во овој предмет го застапуваат специјалните обвинители Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Претседателот на судечкиот совет Огнен Ставрев, на почетокот на денешното рочиште кажа дека од Министерството за правда добил писмо дека е во тек постапката за екстрадиција на обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ од Косово.

Загрозениот сведок Е1 денеска продолжи со сведочење преку екран, со заматен лик и со мутиран глас. Тој одговара на прашања од одбраната.

Адвокатот Асмир Алиспагиќ најпрвин го праша дали се сеќава во што биле облечени адвокатите и обвинетите на рочиштето во средата, по што сведокот одговори дека за повеќето од нив се сеќава и опиша што носеле. Со ова прашање адвокатот најверојатно сакаше да провери дали зад екранот седи истиот сведок од пред два дена.

Сведокот одговори дека дента кога беа убиени четирите момчиња и рибарот кај Смиљковското Езеро, видел три возила. За едното возило се сеќава дека бил голф,  кое повеќе пати го видел кај езерото, а во кое според сведокот се превезувале некои од обвинети. За другите две возила рече дека не се сеќава која марка биле, а за боите посочи дека едниот автомобил бил син, а другиот бел или сив.

Во продолжението на сведочењето тој рече дека ги видел и телата на убиените, „беа четири”, рече тој.

Сепак сведокот не одговори во колку часот бил на местото на местото на настанот. Тој на прашање на адвокатите истакна дека не го видел телото на рибарот.

Пред судот загрозениот сведок раскажа дека едно од лицата кои биле на местото му побарало запалка и тој му ја дал запалката од неговиот автомобил.

Судијата Ставрев, претходното рочиште го прекина поради замореност на загрозениот сведок, по неговото сослушување од страна на СЈО и еден од адвокатите од одбраната.

Загрозениот сведок на минатото рочиште кажа дека останува на исказот даден на претходна постапка. Тој во судницата препозна неколкумина од обвинетите и ги опиша.

Одбраната смета дека загрозениот сведок е конфузен во одговорите и затоа се сомневаат во вистинитоста на неговите искази. Посочуваат дека на истото негово сведоштво била базирана и претходната пресуда за „Монструм“ што беше укината на Врховен суд, а предметот вратен на повторно одлучување.

За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

загрозен сведок Монструм судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.