НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Драч неформална средба на премиерите од Западен Балкан

0
By Нова ТВ on August 26, 2018 ПОЛИТИКА
Архива (Драч)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Албанскиот премиер Еди Рама утре во Драч ќе биде домаќин на неформалниот состанок на премиерите од земјите на Западен Балкан, а на кој ќе присуствува и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

На состанокот ќе присуствуваат македонскиот премиер Зоран Заев, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ, црногорскиот премиер Душко Марковиќ, како и косовскиот премиер Рамуш Харадинај, претседателот на на Европската банка за обнова и развој ЕБОР. Своето учество се уште го нема потврдено премиерката на Србија Ана Брнабиќ.

Во соопштението од кабинетот на премиерот Рама, се наведува дека тема на средбата ќе биде заедничката визија за стратегијата за интеграција во Европската унија, зајакнувањето на регионалната економска зона, договорот за роаминг и започнување на разговори за реципрочно признавање на академските и професионалните квалификации.

Состанокот ќе се одржи во владината вила во Драч, а планирано е да започне во 10 часот, додека на пладне ќе има заедничка прес- конференција на премиерите и Хан.

Според албанските медиуми, овој состанок се одржува во време кога меѓу Косово и Србија е почната „жешката фаза“ онаа, како што се наведува, за корекција на границите, која треба да заврши со признавање на независноста на Косово од страна на Србија.

Првиот неформален состанок премиерите од Западен Балкан го имаа лани на 26 август исто така во Драч. На него, освен еврокомесарот Хан присуствуваше и потпретседателот на Светската банка за Европа и Азија Сирил Милер.

Драч Западен Балкан средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.