НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Парите за Клинички се враќаат, одново ќе се анализира проектот

0
By Нова ТВ on August 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државата ќе врати 70 милиони евра во Банката на Советот на Европа, што беа наменети за проектот за изградба на Клинички центар и од септември заедно со оваа институција и експерти од Европската комисија ќе почне да се работи на изноѓање решение за Клинички центар што ќе даде современа здравствена услуга на едно место.

Ова беше истакнато на денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет на која во прво читање беше прифатен Предлог-законот за изменување на Законот за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за финансирање на Проектот за изградба и модернизација на Клиничкикот центар Мајка Тереза во Скопје и Регионалната клиничка болница во Штип.

Министерот за финансии Драган Тевдовски истакна дека парите ќе бидат вратени без државата да плати пенали или дополнителни средства. Тој појасни деак договорот е склучен на 97 милиони евра, од кои 70 милиони се за Клиничкиот центар во Скопје и кои ќе бидат вратени, а 27 милиони евра се наменети за Клиничката болница во Штип и тој проект се реализира.

Според министерот за здравство Венко Филипче средствата се враќаат затоа што со изградбата на Клиничкиот центар во Скопје нема да можело да се даде современа здравствена услуга и оти немало добро сообраќајно решение.

– За да дадеме современа здравствена услуга мора да имаме интегриран систем, а тоа значи се да се даде физички во еден објект, се мора да биде сместено на едно место, за да се скрати времето на давање на услугата и сите доктори да бидат присутни на едно место за да може да се намалат и компликациите. Сега пациентите се транспортираат со колички од една во друга страна, а тоа ќе останеше така затоа што повеќето згради ќе останеа, како кардиологија, гинекологија, инфективна, максилофацијална… и ќе останеше концептот на транспортирање на пациентите, истакна Филипче.

Според него, реализацијата на тој проект, од финансиски аспект, ќе значеше само почеток на нов циклус на инвестиции затоа што повторно немаше да се реши прашањето и клиники ќе останеа надвор, а и сега се за реконструкција.

– Повторно, посочи, ќе се направеше еден концепт во кој нема да можеме да дадеме современа здравствена услуга.

Најави дека од септември почнуваат мисија што ќе трае два до три месеци и дека врз основа на анализата ќе се знае каков Клинички центар ќе биде потребен во смисла на обем, димензија, број на кревети со кои располага, сега не само во Скопје, туку и во целата држава, и врз основа на нивната искористеност, како и бројот на лекари со кои се располага.

Според него не е суштината дали се запира добар проект, посочувајќи дека заемот е даден без соодветна здравствена анализа.

Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ забележа дека со ова се запира реализација на еден капитален проект и оцени дека како што оваа владеачка гарнитура ги реализира капиталните инвестиции дека до крајот на мандатот нема да може да го реализираат.

Тој истовремено го поздрави продолжувањето на проектот за изградба на Клиничката болница во Штип.с

банка на Советот на Европа клинички нова анализа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.