НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тенк: Јанкулоска сама во судница,Тасевски најави дека нема да ја брани

1
By Нова ТВ on August 30, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: Макфакс
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Адвокатите Сања Алексиќ и Боро Тасевски денеска не се појавија на почетокот на судењето на екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за случајот „Тенк“.

Тие се појавија со 20 минути задоцнување, откако судијката Добрила Кацарска се закани дека ако не се појават набрзо ќе ги казни со високи парични казни, а на обвинетата ќе и одреди адвокат по службена должност.

-Или да се јави еден адвокат, или ќе ги казнам и двајцата со висока парична казна и ќе ви назначам бранител по службена должност, и рече Кацарска на Јанкулоска.

Двајцата адвокати се водено и бранители на обвинетите во предметот ,,Насилство во Центар”, кое исто така е закажано денеска.

Сепак адвокатот Тасевски набрзо ја напушти судницата, истакнувајќи дека најверојато ќе и го откаже полномошното на Јанкулоска, бидејќи е ангажиран во повеќе предмети, за кои рочиштата се преклопуваат.

-Со оглед на ставовите на овој судечки совет чија суштина е дека нема одлагање на предмети кои се поклопуваат а јас не можам физички да сум присутен на повеќе рочишта против моја и против волја на обвинетата Јанкулоска јас денеска нема да бидам присутен на ова рочиште. Мојата одлука дали ќе го откажам моето полномошно во овој предмет ќе ја соопштам дополнително, рече Тасевски.

Рочиштето за „Тенк“ продолжи со распитот на сведоци.

Сведокот Ненад Николовски во 2012 година вработен во МВР како раководител на одделението за јавни набавки сведочеше дека уште во јануари истата година во планот за јавни набавки била предвидена набавката на мерцедесот. Најголем дел од прашањата за него се однесуваа на условите на тендерот и вредноста на набавката на мерцедесот.

-Првичната вредност за набавка на моторното возило беше помала, колку што се сеќавам двојно помала од онаа во која се донесе одлуката за јавна набавка но проценката на вредноста е критериум спроведливост но не и прифатливост на понудата и тоа е само план, рече Николовски.

По однос на техничките спецификации, Николовски рече дека тие се дел од тендерската документација, процес кој започнал во 2011 година кој тогаш не бил неуспешен.

-Не знам ништо за планот за набавка на блиндирано моторно возило во 2011 година освен дека тогаш набавката се однесуваше на половно а не на ново моторно возило, рече Николовски.

На прашање на обвинета Јанкулоска дали измената на вредноста на набавката на мерцедесот е согласно прописите, Николовски одговори дека се било законски затоа што измената на вредноста за набавка на мерцедесот била дозволена со Законот за јавни набавки.

На ова судско рочиште на кое треба да сведочат уште шестмина сведоци ќе има најмалку една пауза согласно правата на Јанкулоска за извршување на мајчинските обврски.

 

адвокати Јанкулоска тенк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.