НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АХВ: Забранет увоз на свинско и свински производи од Бугарија

0
By Нова ТВ on September 3, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонските граѓани кои патуваат во Бугарија, при враќање во земјава, во личниот багаж да не носат храна од животинско потекло зашто ќе им биде одземена на граничните премини, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

АХВ ги засили мерките за надзор и контрола на болеста „африканска свинска чума“ по добиената потврда на 31 август годинава дека оваа болест е присутна во селото Тутраканци во реонот на Варна, Бугарија. Донесено е и решение за забрана за увоз и транзит на свињи, производи и нус производи од свинско месо од регионот во Бугарија каде е потврдено присуство на болеста, со цел заштита од внесување на вирусот во Македонија.

До одгледувачите во селските домаќинства, особено до оние фармери кои  свињите ги пуштаат на паша, АХВ апелира животните да ги држат затворени, во соодветни објекти, со цел намалување на ризикот да дојдат во контакт со дивите свињи кои може да ја пренесат оваа болест.

Ловџиите, пак, до официјалните ветеринари или до најблиското ветеринарно друштво треба да го пријават секое угинување на диви свињи кое ќе го забележат при ловењето. Ветеринарните друштва се задолжени, при вршење на секојдневните активности на терен, да ја следат здравствената состојба на свињите и до официјалните ветеринари да го пријават секој сомнеж на појава на оваа болест.

– Покрај засилениот надзор и контрола на граничните премини кои го спроведуваат официјалните ветеринари, Агенцијата ја информира и Царинската управа за воведување дополнителни, засилени контроли, особено на личниот багаж на патниците (внесување храна од животинско потекло – месо и производи од месо), преку кои  може да се внесе болеста, наведува АХВ.

За едукација на комерцијалните одгледувачи на свињи и за фармерите за важноста од воведувањето на биосигурносните мерки на фармите, заради намалување на ризикот од внесување и ширење на болестите кај свињите, Агенцијата за храна и ветеринарство подготви и испечати Прирачник за воведување на биосигурносни мерки на одгледувалиштата на свињи. Прирачникот ќе биде дистрибуиран до сите регистрирани одгледувачи на овој вид добиток, а може да се преземе и од интернет страницата на АХВ.

„Африканската свинска чума“ не е опасна за луѓето, но, е високо заразна вирусна болест кај дивите и домашните свињи што многу брзо се шири и предизвикува големи економски штети и загуби во свињарството. Не се лекува, односно за неа не постои вакцина.

Освен во Бугарија, во регионот на Варна, болеста ја има и во Естонија, Латвија, Летонија, Белорусија, Украина, Полска. Во 2017 година жаришта на болеста беа потврдени во Молдавија, Романија и Чешка, а во април 2018 првпат болеста се појави во Унгарија. Ендемски е присутна во Италија на островот Сардинија.

африканска чума АХВ Бугарија забрана
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.