НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов: Ќе разговараме се додека постои дилема за гасоводот на Водно

0
By Нова ТВ on September 3, 2018 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Подготвен сум се додека постојат изразени дилеми, да повикувам на разговори затоа што мислам дека од тоа нема зијан, ниту општеството, ниту градот, ниту кој било од денешната дебата. Ова денеска го нагласи градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на јавната дебата за изградбата на гасоводот на Водно.

Шилегов, како модератор на дебатата, рече дека се работи за почеток на определен процес, за кој денеска не може нешто да се одлучи или пак некој да се убеди. Изрази надеж дека следната дебата ќе биде во рамки на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули соопшти дека Водно не е заштитено подрачје и најголем предизвик ќе биде, како што рече, заедно да го донесеме законот за прогласување на Водно и на Матка и да го ревидираме тој што набрзина е направен во Гази Баба.

Директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР), Бајрам Реџепи пред присутните одржа презентација за делницата што поминува низ парк-шумата Водно, односно гасоводната линија која влегува точно на 18-тиот километар на границите на парк-шумата Водно, во Сопиште и излегува на 27,3 километар во Шишево.

– Точната должина оваа делница е 9,3 километри. Од 18-тиот километар се до 21,5 километри немаме никаква сеча на шума. Сечење на дрвја има само од 21,5-от  до 24–от километар од трасата, односно само на 2,5 километри минува низ дрвна маса. Во тој дел ќе се исече 1, 7 хектари дрвна маса од вкупната 2.593 хектари што ја има на Водно. Не е точно дека низ дел на Водно каде минува ќе се сечат дрвја, на поголемиот дел се грмушки и карпести површини, рече Реџепи.

Тој појасни дека за алтернативните траси, преку Скопска Црна Гора и преку обиколницата, сечата ќе биде иста, дури и поголема. Проблем на овој дел е што има вкрстување главните цевки од изворот Рашче.

Во претходниот дел од дебатата говореа заменик министерот за животна Јани Макрадули и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кои ја бранеа владината одлука.

Андреја Јанков од „Го сакам Водно“ реагираше дека никој не ги спори бенефитите од гасификацијата и праша кои се бенефитите ако гасоводот поминува низ заштитената парк шума Водно.

Претставници на невладините организации од Тетовско и Гостиварско посочија дека на дебатата требало да присуствуваат и граѓани од Полошкиот плански регион и Југозападниот регион кои, како што рекоа, се најзасегнати, а не биле поканети

Гасовод Водно дебата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.