Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макрадули: За жал Водно не е заштитено подрачје

2
By Нова ТВ on September 3, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 3, 2018 15:08

Град Скопје денеска организираше јавна дебата за изградбата на гасоводот на Водно на која градоначалникот Петре Шилегов како модератор на настанот покани претставници на надлежните државни органи, како и граѓански здруженија кои велат дека не се против изградба на гасоводот но се противат тој да биде изграден на траса која поминува низ парк шумата Водно.

Министерството за екологија и „Го сакам Водно“ спорат дали Водно е заштитено подрачје

Заменик министерот за екологија Јани Макрадули рече дека парк шумата Водно „за жал воопшто не е заштитено подрачје“ и апелираше властите заедно со невладините организации заедно да го донесат  Законот за ревалоризација.

„За жал кога се промени Законот за заштита на природата некој што имал обврска да направи ревалоризација за заштитата на Водно тоа не го направил. Па така министерството за екологија не ја прогласил парк шумата Водно за заштитено подрачје. Наша обврска ќе биде сите заедно да го донесеме Законот за заштита на Водно. После тоа ќе се донесе одлука кој ќе управува со тоа заштитено подрачје а ќе се направи и зонирање на истото. Ќе се дефинираат правила што може да се направи на одредено заштитено подрачје. Приоритет на министерството за екологија е како да ги воведеме екосистемските услуги меѓу кои е и Водно како парк шума“, рече Макрадули.

Макрадули изнесе податоци од, како што објасни тој, ГЕП анализата според која изворот на трасата за изградба на гасоводот е направена врз база на една главна траса и четири алтернативни.

Трасата што поминува низ Водно, рече Макрадули, е избрана затоа што поминува низ подрачја каде што има најмногу црно-габерови шуми кои имаат мало значење на европската скала на шуми. Друга причина, рече тој, е тоа што низ оваа траса постојат нискостеблести дрвја и минува низ предели каде што „ќе има најмалку оштетување на безрбетниците“.

На ова реагираше Татјана Стојановска од НВО „Го сакам Водно“ која кажа дека оваа невладина организација не е против гасификацијата на Македонија но е против тоа трасата да поминува низ заштитена парк шума како што е Водно.

„Водно е заштитено подрачје само не е донесен Законот за ревалоризација. Ние не добивме докази дека тоа е единствениот начин за изградба на гасоводот, дека нема алтернативна траса. Не знаеме дали финансиските причини се единствените зошто изградбата на гасоводот мора да оди преку Водно. Не можете да го земете воздухот од Скопје за да доведете гас во другите градови.

Невладините предлагаат алтернативни траси за гасоводот

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески рече дека Македонски енергетски ресурси (МЕР) изработиле предлог на нова траса која, како што реч тоје, во делница од четири километри ќе ја помести линијата на гасоводните цевки, според која значително се намалува оштетувањето на високо стеблестата шума на Водно.

„Со новиот предлог, од планираната сеча од 3.000 метри кубни, со новиот план се намалува на околу 1.400 метри кубни, што ќе треба да бидат исечени за изградба на гасоводот. Широчината на трасата се намалува од 25 метри на 10 до 15 метри и се избегнуваат деловите каде има густа дрвна маса“, рече Сугарески.

Тој соопшти дека ќе се изврши пет пати повеќе пошумување на поширокото подрачје, каде минува трасата.

Министерот за економија Крешник Бектеши зборуваше за придобивките од гасоводот и посочи дека придобивките од неговата изградба се економски, енергетски иеколошки.

„Енергетска придобивка од гасоводот е тоа што се зголемува сигурноста на снабдување со енергија. Економските придобивки се помалите финансиски трошоци за искористената енергија, отворање на нови работни места и ангажирање на градежна оператива како капитална инвестиција. Од еколошки аспект тоа ќе значи намалување на емисијата на штетни материи и заштита на животната средина. Ќе се субституираат мазутот, екстра лесното масло и огревното дрво како енергетски материјали кои испуштаат повеќе штетни материи. Ќе се обезбедиевтин реагенс со цел зголемување на конкурентноста на македонските компании на странските пазари, рече Бектеши.

Андреја Јанков од „Го сакам Водно“ реагираше дека никој не ги спори бенефитите од гасификацијата и праша кои се бенефитите ако гасоводот поминува низ заштитената парк шума Водно.

„И по 21 година гасовод Скопје нема дистрибутивна мрежа. Кон Штип е изведена мрежата а таму гас не протекол. Во Куманово уште се прави. Ние бараме ревизија на проектот и предлагаме трасата да оди од Арачиново до Жеден, да се направи од северната страна на Скопје. Или од Скопска Црна Гора да се спушти. По земјоделско земјиште или патишта каде заштитеното подрачје е потесно, помало. Нам ни фали девет метри квадратни повеќе зеленило по жител во Скопје. Според пописот од 2002 година кога Скопје броел 550.000 жители Водно задоволувало 46 отсто од потребите. Сега бројот на жители расте а Водно се намалува“, рече Јанков.

Од оваа невладина организација ги прашаа надлежните зошто до сега не е прекинат проектот бидејќи за време на средбите во изминатите четири месеци им било речено дека во најголем број од забелешките биле во право.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.