Доколку постои човек кој врши притисок врз судството, нека кажат кој е – кажа премиерот Заев , по обвинувањата од екс премиерот и екс лидер на ВМРО ДПМНЕ Груевски дека од високи инстанци се вршел притисок врз судиите да го обвинат за случајот „Тенк“.
„Јас знам дека сите процеси се водат транспарентно, без разлика за кој во државата и уште еднаш ја потврдувам независноста на судството. Никој нема право да ги прејудицира одлуките, да прави притисок врз судиите и случно. Јас само посочувам нека кажат кој е тој, ако постои веднаш ќе преземам мерки за санкции. Знам дека не постои таква работа и само уште еднаш ќе апелирам до сите професионално однесување, соглсно, закон и устав. Без било какви протекции и без било какви омаловажувања во државата“, рече Зоран Заев за ТВ 21.
Претходно, Груевски обвини дека со политичка директива Апелација ќе ја потврди затворската казна за „Тенк“ и затоа тој и неговите адвокати утре нема да присуствуваат на седницата за да не бидат декор на веќе донесена пресуда.
Утре Апелацискиот суд треба да ја продолжи јавната расправа по жалбата на обвинетите Никола Груевски и Ѓоко Поповски за пресудата со која Груевски е осуден на 2 години затвор, а Поповски на шест и пол.