НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одложен „Титаник2“ – Тачи бараше да му се преведува на глас

0
By Нова ТВ on September 6, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: ЦивилМедиа
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одложено рочиштето за „Титаник 2“. Обвинетиот лидер на ДПА, Мендух Тачи, не го прифати предлогот на обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, преведувачот од македонски на албански јазик да седне до него во судницата за да му преведува цело време за текот на судењето и побара да му се преведува на глас, како право што му следува според новиот Закон за употреба на јазиците.

„ Апсолутно не сум имал манипулативни тенденции за ова прашање. Тоа право за кое говори обвинителката ми следува и во Јапонија, Зимбабве. Тоа не е мајчин, туку службен јазик – рече Тачи во судницата.

Повеќе од половина час Фетаи, судијата Огнен Ставрев и обвинетиот Тачи се расправаа за употребата на јазикот. Обвинителката Фетаи рече дека ако на Тачи не му се преведува текот на постапката, како и записниците од исказите на сведоците, можно е откако ќе заврши постапката за „Титаник-2“ да го злоупотреби тоа и да се жали дека му е повредено правото на употреба на мајчиниот јазик

.Поради неприсуство на двајца сведоци на СЈО и дилемите за употребата на јазикот, судењето за предметот „Титаник 2“ е одложено за 1 октомври.

На денешното рочиште требаше да сведочат истите сведоци од минатото судење – поранешните членови на ДИК, Виолета Дума, Субхи Јакупи и Борис Кондарко. Тие требаше да одговораат на прашања на одбраната на обвинетите.

Во предметот на СЈО, Титаник 2, обвинети се Мендух Тачи, Сашо Мијалков, Бедредин Ибраими, Сашо Срцев, Влатко Сајкоси и Анета Стефановска за изборни нерегуларности за време на локланите избори во 2013 година.

Дик локални избори Тачи Фетаи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.