Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Столтенберг: Уверен сум дека Договорот ќе се спроведе

0
By Нова ТВ on September 8, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 8, 2018 09:04

На сите мои политички средби во Скопје ми беше изјавено дека ако се гласа „за“ на референдумот, договорот ќе се имплементира, вели генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во интервју за грчката телевизија „Скај“ и додава дека сепак тоа е демократски процес и НАТО „не може да присили ниедна земја да направи нешто што не сака“.

На прашањето што доколку договорот помине кај нас, но не и во Грција, со оглед на позициите на коалициониот партнер во Владата и на лидерот на опозициската Нова демократија, Столтенберг со став дека со тоа би се довел во опасност кредибилитетот на Грција.

– Јас сум уверен дека договорот ќе се имплементира во двете земји, бидејќи е суштински за националниот кредибилитет кога една земја потпишува договор, а другата страна го исполнува, тогаш двете земји ќе го исполнат договорот. Сѐ друго сериозно би го поткопало националниот кредибилитет на било која од земјите, вели Столтенберг и изразува оптимизам дека ќе се запазат предвидените временски рокови и договорот ќе стапи на сила на почетокот на следната година.

Како што јави МИА од Атина, одговарајќи на прашањето, што доколку некоја следна влада во Македонија ги поништи уставните измени и реформите, генералниот секретар на НАТО вели дека промената на Уставот е сложен процес, а при потпишување меѓународни договори секогаш треба да постои и малку доверба.

– Не е ништо ново во меѓународните односи, државите да потпишуваат договори базирани на минимална доверба, а ова важи и во конкретниот случај за двете страни. Ако нема доверба, нема начин да постои било каков договор, но и не може да се направи никаков вид на соработка и било каков напредок во односите меѓу земјите, истакнува генералниот секретар на НАТО.

Во кусото интервју за грчката телевизија „Скај“, Јенс Столтенберг објаснува дека соработката со НАТО во изминатите години се градела чекор по чекор и била корисна како за Грција, така и за Западен Балкан, а „сега сме многу блиску да направиме друг чекор и тоа ќе биде исклучително важно за целиот регион“.

Атина Договор референдум Столтенберг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.