Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во МАНУ научна расправа за Договорот – пред зградата протести

1
By Нова ТВ on September 11, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 11, 2018 12:59
Во МАНУ во тек е научна расправа за Договорот од Преспа, на тема „Спогодбата од Преспа: Меѓународно значење и импликации врз евроатланските интеграции на Република Македонија“, на која учествуваат повеќе членови на МАНУ, еминентни научници, претставници на власта и на дипломатски мисии во Република Македонија.

Расправата во која учествуваа премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Бујар Османи и шефот на дипломатијата Никола Димитров се организира како одговор на потребата од научна и стручна анализа на Спогодбата за решавање на разликите опишани во Резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на СБ на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодна од 1995. и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните (Спогодба од Преспа) и на општестветниот, политичкиот и медиумскиот контекст во кој таа е склучена.

Претседателот на МАНУ, академикот Таки Фити истакна оти МАНУ е свесен дека решавањето на спорот морало да биде спроведено преку нужен компромис кој ќе се постигне доколку нешто дадеме, а нешто добиеме.

– Свесен сум дека прашањето за спорот со името е тешко и болно, рече Фити и додаде оти се уште во одредени членови од договорот има спротивставени мислења во самата Академија, но нагласи дека алтернативно решение нема.

Посочи оти со договорот е важно дека се зацврстуваат и гарантираат идентитетот, прашањето на нашиот јазик, културата, традицијата.

Во однос на МАНУ истакна оти има едно прашање кое што се однесува на членот 1 од договорот во кој се вели дека придавската референца за државата за нејзините официјални органи и другите јавни институции ќе биде во согласност со официјалното име.

Фити истакна оти ова ќе се однесува и на МАНУ и на други институции како што е МРТ, МНТ, МОБ.

– Во многу земји институциите се именуваат со придавската референца на државата, рече Фити и додаде дека во овој контекст МАНУ во претстојниот период ќе изврши консултации со експерти  со цел да се утврди дали договорот остава простор за пофлексибилно решение во однос на споменатото прашање.

– Добивме кристална и недвосмислена потреба за македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Македонци, Македонец, Македонка, Македонско. Како дома, така и во странство. Преведено без ограничувања на сите јазици во светот, идентитет за севкупна употреба. Грција го признава нашиот идентитет. Јазикот ќе се користи слободно секаде, во ОН, НАТО, ЕУ, во сите официјални институции, активности и настани, порача премиерот Зоран Заев пред присутните учесници во првиот дел од расправата насловен како „Меѓународен и политички контекст и значење на Спогодбата“.

Заев истакна дека имплементацијата на домашните промени согласно договорот ќе се случува во фази. Како што ќе напредуваме во ЕУ, додаде тој, согласно отворањето поглавја за членство, така ќе се спроведува договорот дома.

– Од држава со многу проблеми и лоши односи со соседите сега на нас гледаат како на позитивен пример – модел што другите сакаат да го следат, посочи премиерот, додавајќи оти се затворени сите отворени прашања и дека немаме други спорови со соседите или со други држави.

Истакна дека граѓаните ќе го имаат последниот збор за договорот на референдум.

На првиот дел од расправата се обрати и шефот на дипломатијата Никола Димитров, кој посочи дека патот по којшто чекоревме 27 години конечно утврден со договорот од Преспа. Додаде дека земјата не може да биде дел од НАТО и ЕУ ако не е пријател со државите кои веќе се внатре.

– Овој договор има големо историско значење бидејќи ние вистински првпат се помируваме како два народа. Договорот е производ на тешки преговори. Дури и две запирки да смениме ќе се скине конецот, едвај го врзавме конецот и од наша и од нивна страна. Историските помирувања се тешки, рече Димитров.

Нагласи дека конечно е пронајдена работата преку која земјата ќе оди напред.

– Важно ни е низ таа врата да влеземе исправени, со дигната глава. Оценките дека кваката не блеска доволно, дека вратата не е три, туку два метри се неконструктивни и неодговорни. Ако можеме да најдеме друга врата поширока и поблескава нека ни ја покажат, рече Димитров.

Шефот на дипломатијата посочи дека е време да се надминат личните и партиските интереси и да и се даде шанса на иднината на Македонија. Тој ги повика членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ да размислат што значат за нив четирите букви што ги носат за македонската историја.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи рече дека Македонија е всушност Балканот во мало и оти земјата ја нашла формулата како да биде функционална, мултиетничка и мултирелигиозна демократија.

Истакна оти основите на ова мултиетничко општество се Спогодбата за стабилизација и асоцијација и Рамковниот договор, двата важни документи потпишани во иста година.

– Тие стануваат погонско гориво за моделот бидејќи се комплементарни и се надополнуваат, посочи Османи и додаде дека и покрај напредокот што земјава го остварувала изминатите години горивото не успеало да стигне до моторот, поради нерешениот спор за името со Грција.

Пред МАНУ група од околу 30 граѓани протестираат против Договорот.

Фото: Макфакс

Граѓаните протестираат, како што велат, да го изразат својот револт за договорот со Грција и промената на името на Република Македонија. Тие порачаа дека се загрижени од загрозувањето на независноста на Република Македонија и побараа оставка од Владата на Заев.

дебата Договор МАНУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 21, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

ВЕСТИ April 21, 2026

Во телефонско интервју за CNBC, Трамп рече дека верува оти е веројатно продолжување на воените дејствија доколку…

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.