НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тајфунот Мангхут пристигна во Кина – 30 загинати на Филипини

0
By Нова ТВ on September 16, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во делови од Кина на сила е предупредување од обилни дождови и силни ветришта од тајфунот Мангхут кој пристигна на јужниот брег.

Илјадници луѓе се евакуирани од Гуангдонг, на кинеското копно, каде што Мангхут треба да пристигне во подоцна денеска

Властите во оваа густо населена провинција, исто така, издадоа највисоко ниво на предупредување.

Тајфунот е 22 по ред оваа година, но кинескиот Национален метеоролошки центар вели дека би можел да биде најсилниот досега.

Филипини

Најмалку 30 лица загинаа на Филипините, но се уште не се познати крајните штети во руралните средини поради блокираните патишта и прекинот во комуникациите.

Повеќето од загинатите се како последица на лизгање на земјиштето во регионите Кордилера и Нуева Вискаја, велат официјалните претставници.

Меѓу загинатите има и деца.

Пет милиони луѓе ги напуштиле домовите, а повеќе од 100.000 се засолниле во привремени центри.

Исто така, постои загриженост во врска со тоа колкави се економските штети што ги предизвика тајфунот на обработливото земјиште во Кагајан, клучна земјоделска провинција.

Френсис Толентино, политички советник на претседателот Родриго Дутерте, изјави за Би-Би-Си дека проценува дека само една петтина од продуктите таму биле претходно собрани.

Филипините често се погодени од тајфуни, но силата на Мангхук ги врати сеќавањата на најсмртоносната бура – “Супер тајфунот Хаијан”, во кој загинаа повеќе од 7.000 во 2013 година.

Но, оттогаш, процедурите за подготовка и за евакуација се подобрени-беа издадени предупредувања, движењето беше ограничено, училиштата беа затворени и војската беше во состојба на готовност.

Хонг Конг

Повеќе од 100 лица се повредени во Хонг Конг, каде што силниот ветер предизвика сериозни штети.

Тамошните власти ги предупредија жителите да останат во затворени простории, бидејќи ветрот корнел покриви и прозорци. Наводно, тој бил со брзина повеќе од 110 километри на час.

Нивото на водата порасна за речиси 3,5 метри, а на некои места по улиците пливале риби.

Според официјалните претставници бројот на повредени е 111, а медиумите известуваат дека најлошото поминало.

Повеќето продавници и јавни служби беа затворени, а повеќе од 800 летови беа откажани на меѓународниот аеродром во Хонг Конг.

Во соседно Макао, за првпат во историјата била издадена наредба да се затворат казината по кои е познато.

Се очекува до вторник тајфунот да ослабне во тропска бура.

 

 

Кина Тајфун
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.