НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Весели со апел до граѓаните масовно да излезат на референдумот

0
By Нова ТВ on September 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Апел до сите граѓани на Репубика Македонија в недела, на 30 септември да излезат масовно и да се изјаснат на референдумот за Договорот со Грција со цел да се отвори патот на интегрирање на земјата во ЕУ и НАТО, упати денеска  во Скопје претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели.

Тој на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин Талат Џафери истакна дека Косово ја почитува волјата на граѓаните на Република Македонија и нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.

– Даваме силна поддршка на постигнатиот договор меѓу Република Македонија и Република Грција. Истовремено ние како Република Косово сакаме да му дадеме иста таква насока на дијалоот што го водиме со Србија за постигнување коммпромис и ние да почнеме како суверена и независна држава да го  финализираме нашето патување кон ЕУ, истакна Весели.

Нагласи дека сега е време на една нова струја на постигнување компромиси, што ќе даде полет „нашите земји и нашите граѓани да одат напред кон подобра иднина“.

Џафери истакна дека Собранието и институциите во моментов се фокусирани на успешно спроведување на референдумот.

– Уште еднаш апелирам до сите кои сеуште се двоумат во однос на потребата од излегување на гласање. Референдумското изјаснување не е изјаснување за статусот на политичарите, не е изјаснување за статусот на политичките партии, тоа се случува на избори. 30 септември не е гласање за избори, тоа е гласање за избор дали ќе одиме во иднината или ќе останеме во статус квото, заробени во минатото, рече Џафери.

Во однос на следната фаза, додаде тој, од 1 октомври ќе може да се слушнат сите ставови за потребата за уставни измени.

Тој изрази уверување дека граѓаните на Република Македонија се определени за иднината затоа што, како што рече „со гласањето на 30. секој граѓанин ќе има можност да одлучи индивидуално за себе, за своето семејство, за сите граѓани, за државата“.

– И додека вие работите на референдумот и се што произлегува од него, ние како Република Косово ќе продолжиме да работите со Република Србија околу постигнувањето конечен договор, кој ќе ни овозможи да соработуваме како две соседни земји во ист регион, кои имаат иста цел, зачленување во ЕУ, рече спикерот на косовското Собрание.

Кога станува збор за спорот меѓу Косово и Србија, Џафери нагласи оти не е во ред да се користи терминологијата за размена на територии, која се користи во слободната форма на комуникација.

– РМ и институциите, јас како претседател на Собранието и Собранието ги поддржуваме напорите на држави за изнаоѓање прифатливо решение меѓу двете држави за конечно да се реши  последниот конфликтен однос меѓу две земји во Западен Балкан, тоа да се реши со билатерална спогодба и регионот да престане да биде перцепиран како место на конфликти, нагласи Џафери.

Весели нагласи дека и Косово и Србија работат во насока на постигнување договор и напомена дека при постигнувањето на решенија многу е важно да се биде рационален и да не се игра на картата на емоции и популизам.

 

Кадри Вејсели Косово референдум Србија Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.