Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува процесот за реформирање на УБК, во оптек три модели

0
By Нова ТВ on October 2, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 2, 2018 12:45

Три модели се во оптег за спроведување на реформите на Управата за безбедност и контраразнавање, како дел од реформите на безбедно-разузнавачките служби и обидите за ставање крај на партиски, политички и какви било други влијанија врз работата на овој сектор.

Ова го најавија денеска на прес-конференцијата министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и директорот на УБК, Горан Николовски.

Спасовски истакна дека уште денеска на владина седница ќе поднесе информација за претстојните реформи, ќе биде формирана работна група која ќе го спроведува целокупниот процес на консултации со сите чинители коишто се релевантни во овој сегмент. Предвидено е консултациите да почнат од овој месец и да завршат до 15 ноември.

– Во следниот период ќе го избереме моделот, по кој ќе се одвива реформата на УБК. На седница на Влада денеска ќе поднесам информација, со која ќе ги образложам причините за ваквата реформа. Предвидено е МВР да одржи повеќе консултации и дебати со релеванти чинители, по што ќе биде избран најсоодветниот модел. Овој процес ќе го води работна група, која ќе се формира од надлежните државни институции, но и со претставници од академската област и граѓанското општество, појасни министерот Спасовски.

По завршувањето на консултациите заклучоците ќе бидат проследени до Владата со соодветен акционен план.

– Целта е добиеме служба која ќе се темели на високи професионални стандарди, почитување на етички кодекс и современи методи на работа и дејствување, служба која ќе биде заштитена од негативни политички влијанија и нејзина единствена задача и должност ќе биде да ги штити безбедноста и сигурноста на граѓаните, истакна Спасовски.

Потсети дека злоупотребата на безбедносно-разузнавачките служби, особено на УБК предизвика сериозна политичка криза во земјава и го наруши угледот на демократијата.

– Членството во ЕУ и НАТО подразбира постоење служби, кои ќе бидат рамноправни со службите на земјите сојузнички, рече министерот.

Во рамки на проектот изработен со ДИКАФ направена е анализа на оваа реформа, постојат три модели, а Спасовски без да ги изнесе деталите за нив напомена дека засега не се префрерира ниту еден од нив.

– Ќе ги разгледаме во периодот на консултации, ќе разговараме со новинарите, дипломатскиот кор, академскиот сектор и на крај ќе одлучиме. Сакаме да ги видиме предностите и слабостите на секој од нив, додаде тој.

Директорот на УБК Горан Николовски изрази уверување дека на крајот од консултативниот процес ќе се постигне успех и ќе се одбере модел, кој ќе гарантира професионална и департизирана служба, кој ќе гарантира трансапрентност и ќе успее да ги заштити интересите на државата и ќе работи во интерес на граѓаните.

Спасовски посети дека реформите на системот на следење на комуникации од кои произлезе формирањето на ОТА, како дел од посеопфатната задача за реформирање на безбедносно-раузнавачкиот систем успешно се спроведуваат. Додаде дека се преземаат сите оперативни и логистички активности и согласно Законот за следење на комуникации ќе почне со работа не подоцна од 1 ноември оваа година.

реформи Спасовски УБК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.