НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Алиоски: Нема опуштање оти ништо не е готово, на победа со Лихтенштајн

0
By Нова ТВ on October 9, 2018 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зад фудбалската репрезентација на Македонија се два дена на подготовки за саботниот дуел со Лихтенштајн во Лигата на нации. Атмосферата на тренинзите е одлична, позитивна, другарска. Опуштање е присутно кога околностите го дозволуваат, кога се работи се работи турбо и со максимална посветеност и сериозен пристап со единствена цел – нови три бода во групата и чекор поблиску до првото место што значи плејоф за Европското првенство во 2020 година. „Под команда“ на селекторот Игор Ангеловски се стави и Стефан Ристовски за комплетирање на националниот тим, но не и Иван Тричковски од АЕК Ларнака кој ќе мора да паузира во наредните десетина денови поради истегнување на бутниот мускул.

„Мора да победиме со Лихтенштајн оти ништо не е готово. Нема опуштање. Мора да останеме фокусирани оти нема да биде лесно. Во тимот се вратија Аријан Адеми и Ферхан Хасани, поквалитетни сме и тоа мора да го потврдиме и на терен. Се надевам дека ќе успееме на наше задоволство и за радост на публиката“, коментира Езџан Алиоски.

Фудбалерот на Лидс јунајтед во англискиот Чемпионшип ги почна настапите во Лигата на нации на посакуван начин. Постигна гол во премиерата против Гибралтар, потоа и со Ерменија од пенал на домашен терен, но личниот ефект го става во втор план и го потенциа колективниот.

„Сакам да победиме. Тоа ми е најважно. Дали јас ќе дадам гол или некој друг тоа е неважно. Секако дека би сакал да бидам стрелец, но најсреќен ќе бидат со трите бода“, дополни Алиоски.

Натпреварот со Лихтенштајн е во сабота на националната арена „Филип Втори“ со почеток во 20.45 часот. Фудбалската федерација на Македонија ги пушти во продажба влезниците за третиот настап на селекцијата во Лигата на нации, втор на домашен терен, и истите чинат 150 денари за северната трибина и 100 денари за јужната.

Езџан Алиоски Лига на нации Лихтенштајн репрезентација фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.