НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тага во Лестер: Газдата на „лисиците“ и ќерката биле во хеликоптерот

0
By Нова ТВ on October 28, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сопственикот на Лестер, Вичај Шриваданапраба се наоѓал во хеликоптерот што се урнал синоќа околу 21.30 часот во близина на стадионот „Кинг Пауер по мечот на „лисиците“ против Вест Хем (1:1) во 10. коло во англиската Премиерлига. Веста, покрај „Скај спорт“, ја пренесе и „Би-Би-Си“ кој се повикува на извори блиски на семејството на тајландскиот милијардер. Леталото, како што пишуваат медиумите на Островот, се подигнало нормално, достигнало височина од 200 стапки (околу 60-70 метри) по што одеднаш почнало да паѓа и за неколку секунди се претворило во огнена топка.

Фото: dailytelegraph.com.au

Покрај Шриваданапраба, меѓу патниците била и една од неговите ќерки, двајца пилоти и уште едно лице кое сè уште не е идентификувано. Трагичниот настан собра голем број на навивачи пред стадионот кои палат свеќи, положуваат цвеќиња и клупски обележја пред објектот. И компанијата „Кинг Пауер“ што е сопственост на Тајланѓанецот потврди дека тој бил во леталото, но не и дека загинал.

„Во целост соработуваме со полицијата и со итната служба по несреќата што се случи на „Кинг Пауер“ стадионот. Клубот ќе излезе со детално соопштеное што се добие потврда на поедини информации“, стои во соопштението на англискиот фудбалски шампион од сезоната 2015/16.

Во моментот на несреќата на стадионот бил само голманот Каспер Шмајхел. Сведоци, според поедини медиуми, тврдат дека при експлозијата, истрчал кон местото на падот на хеликоптерот, но било доцна да помогне некому. Данскиот чувар на мрежата на „лисиците“ одеднаш застанал пред остатоците од леталото што било во пламен, се држел за глава и потонал во плач од ужасната глетка.

Сведок на трагедијата беше и легендарниот англиски голман Петер Шилтон. Неговата сопруга Стефани (50) за медиумите изјави:

„Во шок сме од глетката што нè затекна на пат кон дома. Се случи токму пред нас, откако го напуштавме стадионот. Не знаеме што се случи, но беше стравично“.

Шриваданапраба доаѓал со хеликоптер на секој натпревар на Лестер, а потоа на идентичен начин се враќал во Лондон. Како неофицијални причини за несреќата засега се споменуваат проблем со моторот. Тајландскиот бизнизмен го купи Лестер во 2010 година за 33 милиони евра. Набрзо потоа се претвори во омилен лик во градот поради успешниот проект со кој „лисиците“ се вратија во Премиерлигата во 2014 година. Две години подоцна беа и сензационални освојувачи на шампионската титула под водство на Клаудио Раниери. Според магазинот „Форбс“, Шриваданапраба е петти најбогат човек на Тајланд и неговото богатство се проценува на 4,9 милијарди долари.

Вичај Шриваданапраба Лестер несреќа фудбал Хеликоптер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.