Свен Јеран Ериксон (70) е именуван за нов селектор на фудбалска репрезентација на Филипини. Искусниот шведски менаџер потпиша договор на шест месеци и ќе биде големо засилување за тимот што во јануари и во февруари го очекуваат настапи во азискиот Куп. Во работата ќе има асистенција од Ирецот Скот Купер.
„Не се сомневаме дека со неговата репутација, искуство и знаење ќе помогне за напредок на екипата“ се вели во дописот на Фудбалската федерација на Филипини.
За Ериксон ова е прв ангажман по отказот во кинески Шенжен во јуни во 2017 година. Претходно беше на кормилото на бројни клубови во Европа како Бенфика, Рома, Лестер, Фиорентина, Манчестер сити, Лацио, беше селектор на Англија во периодот од 2001 година до 2006 година, а во 2010 година ја предводеше и селекцијата на Брегот на Слоновата Коска на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година.