НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Парондо: Одбраната во вториот дел беше клучна за победата

0
By Нова ТВ on November 3, 2018 СПОРТ
Фото: rkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Играта во одбраната во второто полувреме беше пресудна за петта радост на Вардар во ракометната Лига на шампиони. „Црвено-црните“ попладнево во СЦ „Јане Сандански“ го совладаа Мешков Брест со 30:23 (полувреме 14:14) во шестото коло и барем на 24 часа го презедоа врвот на табелата во групата А.

„Типичен пример на натпревар кој отсликува колку е тешко да се игра во Лигата на шампиони. Мешков покажа дека заслужува респект со цврстата одбрана и одличниот напад. Среќни сме што на крајот, сепак, успеавме да победиме. Клучна беше нашата игра во одбрана што беше подобра во второто полувреме“, рече вардаровиот тренер, Роберто Гарсија Парондо по мечот со ривалот кој минатиот викенд триумфира над „црвено-црните“ со 35:20 во СЕХА лигата.

Вардарци се мачеа да фатат ритам во првото полувреме и во добар дел до паузата за одмор бркаа негатива. Се соочуваа со проблеми за неутрализирање на противничките напади, се соочуваа со проблеми и за пробивање на белоруската одбрана, но и за матирање на Хрватот Иван Пешиќ чии интервенции беа ветар во грб на гостите од Брест.

Карачиќ „експлодира“ и заврши со, рекордни за него, 11 гола

Вториот дел донесе еднонасочен меч. Вардар драстично се подигна во дефанзива не скратувајќи го простор за маневар на играчите на Мешков. Цврстата одбрана беше надополнета со ефикасни реализации пришто незапирлив беше Иван Карачиќ. Хрватскиот репрезентативец го заврши мечот со, рекордни за него во ЛШ, 11 погодоци, Иван Чупиќ и Тимур Дибиров додадоа по шест, најефикасен поединец во белорускиот состав беше Александар Шкурински со пет гола.

Вардар и во наредниот викенд ќе игра на домашен терен. Гостин во Скопје во недела (17 ч.) ќе биде славната Барселона.

Вардар Лига на шампиони Мешков Брест ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.