НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Тендери“ продолжува на 20 ноември, ќе бидат сослушани тројца сведоци

0
By Нова ТВ on November 9, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На денешното рочиште за предметот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство беа сослушани двајца сведоци предложени од Обвинителството. Ново рочиште, на кое ќе бидат сослушани тројца сведоци, судијата Осман Шабани закажа за 20 ноември.

Вториот сведок Саша Гошев, кој работел како надзорен инженер во фазата градежништво на објектот на Музејот, рече дека еднаш неделно се одржувале состаноци меѓу надзорот, изведувачот и инвеститорот за тековните активности и оти понекогаш на тие состаноци присуствувала и тогашната министерка за култура Елизабета Канческа Милеска.

Сведокот одговарајќи на прашање од одбраната, рече дека на состаноците немал влијание и укажување од никого и оти стои на тоа што го потпишал во градежниот дневник.

Претходно денеска беше сослушан сведокот на СЈО, Томче Божиноски. Тој сега е пензионер, а е повикан да сведочи бидејќи тогаш како инженер вработен во Дирекцијата за заштита и спасување бил член на Комисијата за технички прием на Музејот. Сведокот рече дека пред техничкиот прием на објектот неколкупати неофицијално, без писмен допис бил повикан за неколку стручни консултации за што нема добиено никаков надомест.

Додаде дека во Дирекцијата на месечно ниво пополнувале листа на активности каде тоа било евидентирано како давање стручна помош. Божиноски рече дека согласно елаборатот за заштита од пожари, експлозии и опасни материи во објектот била поставена потребната противпожарна опрема. Тој на крајот од неговото сведочење побара надомест за трошоците за доаѓањето во судот.

Во предметот „Тендери“ првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“.

Според обвиниението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа-Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.

сведоци сослушување тендери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.