НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судскиот курир и по третпат не го нашол Груевски

0
By Соња Петрушевска on November 9, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Никола Груевски се уште не го примил решението на Кривичниот ссовет, откако судскиот курир вечерва и по третпат се обидел да го најде во неговиот дом.

Решението на Груевски ќе му биде врачено в понеделник кога тој треба да се појави на судско рочиште за предметот „Титаник“.

Викендов Груевски може и сам да се пријави во Шутка без решението од Кривичниот совет, затоа што тој веќе има упатен акт за извршување на казна затвор.

Првиот пат вратата ја отворила сопругата Боркица и рекла дека Груевски е излезен, објави ТВ Алсат М и додаде дека курирот вечерва пак ќе се обиде да го врачи решението.

Веднаш штом ќе го добие, Никола Груевски ќе мора да се пријави на издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО.

Кривичниот совет вчера ги отфрли жалбите на адвокатите на Никола Груевски на жалбата што Груевски  лично ја поднесе за одложување на затворската казна.

Во одлуката на Кривичниот совет пишува дека „по ценење на фактите и доказите во жалбите Кривичниот совет донесе решение со кое го одби жалбите и го п0тврди решението на судијата за извршување санкции. Решението е испратено до странките во постапката и истото е извршно веднаш по приемот од странките“.

Ова значи дека во моментот кога ќе го добие решението од Кривичниот суд, Груевски треба да се пријави во затворот во Шутка.

Груевски е осуден на двегодишна казна затвор за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство кое се однесува на набавката на луксузниот „мерцедес“ од 600 илајди евра.

Поранешниот премиер и почесен претседател на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски, беше обвинет за примање награда за противзаконско влијание и осуден на двегодишна затворска казна, додека Ѓоко Поповски кој се товареше за злоупотреба на службената положба и овластувања беше осуден на шест и пол години затвор но потоа Апелација му ја намали на четири и пол години затвор. За овој случај,во раздвоена постапка, шест години затворска казна доби и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Според обвинението, Јанкулоска за да го исполни барањето на Никола Груевски, со умисла го поттикнала обвинетиот Ѓоко Поповски да стори кривично дело.

„Тенк“ е едно од петте предмети каде е обвинет Груевски. Ова е првата пресуда за него.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.